МЗТ Скопје и вторпат подобар од Маџари, веќе е на чекор од одбрана на титулата

Актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје, е на само една победа до одбрана на титулата, откако и на вториот меч пред својата публика славеше над Маџари, овој пат со 81-76. Екипата од Аеродром веќе има убедливи 2-0, па за освојување на титулата ќе им биде потребна уште една победа, а серијата се сели на теренот на Маџари.

„Штрковите“ во текот на целиот меч имаа контрола на над резултатот, а дебитантот имаше само минимално водство на почетокот од мечот. МЗТ Скопје ја доби првата четвртина со шест поени разлика, а на полувреме замина со убедливи 47-31.

Второто полувреме резултатски им припадна на кошаркарите на МАџари, кои во финишот успеаја буквално да ја стопат предноста на противникот, да дојде и на три поени негатива, но актуелниот шампион успеа да ја сочува предноста и вторпат да слави во финалето.

Кошаркарите на ТФТ се изборија за мајсторка во борбата за третото место, откако во неверојатен меч славеа над Пелистер во Битола со 112-116. Мечот во регуларните 40 минути заврши нерешено, 98-98. Одлучувачкиот меч за третата позиција ќе се игра во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести