Лион пак ќе го прегази омилениот противник во Франција

Лил – Анже (Лига 1, Франција, 19 часот)

Лани за првпат Лил го победи Анже во прволигашки меч на домашен терен, а публиката на „Пјер Моро“ виде ефикасна игра на својот миленик и триумф од 5:0.

И сега Лил е фаворит, има одличен тим, иако продаде неколку свои ѕвезди и главниот адут од ланската сезона Николас Пепе.

Проблем за тренерот Галтие е што ќе отсуствуваат Јазичи, Џека и веројатно и Реми и Веа. Тоа се главните адути во офанзивниот дел на Лил, што ќе биде проблем, особено против екипа што одлично ја почна сезоната.

Анже има три победи само со еден пораз, но Лил е фаворит и повторно има амбиции за висок пласман.

Предлог тип: Т1 1+& Т1 2+ (2.75)

 

Фортуна Дизелдорф – Волфсбург (Бундеслига, Германија, 20.30 часот)

Фортуна беше хит лани во Бундеслигата и од главен кандидат за испаѓање, ги демантира сите со прекрасни игри и добар пласман.

На Фридхем Функел постојано му предвидуваа дека ќе добие отказ, особено по лошиот старт во ланската сезона, но стариот лисец на клупата одлично го предводеше тимот. Единствен голем проблем му е што одбраната често прима голови и има серија од 13 меча на кои барем еднаш им се тресеше мрежата.

Волфсбург има добар старт на новата сезона и нема пораз на три меча, иако ремито со Падерборн дома им се смета за кикс.

Во оваа декада од новиот милениум двата состави имаат играно четири пати и головите се заштитен знак на меѓусебните дуели на Фортуна и Волфсбург.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.87)

 

Амиен – Лион (Лига 1, Франција, 20.45 часот)

Во овој милениум Лион има супер серија од 8 победи против Амиен на исто толку мечеви, што значи дека Амиен му „лежи“ на Лион.

Лавовите од „Жерлан“ почнаа триумфално во новата сезона во Франција, но по двете победи, следуваа два меча без триумф. Особено лошо Лион одигра против Монпелје во поразот од 0:1.

Сега не смеат да кикснат ако сакаат да го задржат приклучкот со екипите од врвот. Амиен има само една победа и три порази и доста кадровски проблеми.

Словенецот Лука Елзнер мора да најде чаре да ја прекине серијата од 8 порази по ред на Амиен од Лион. Гостите се фаворити и ќе типуваме дека ќе победат.

Предлог тип: 2&2-4 гола (2.85)

 

Мајорка – Атлетик Билбао (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)

Атлетик е непоразен на последните шест меча во сите конкуренции, сметајќи ги и пријателските натпревари, а тимот што го предводи Гаиска Гаритано игра одлично. Ја победија и Барселона и немаат пораз на стартните три меча во Ла Лига.

Во Палма вечерва нема да им биде лесно на Баските, но се фаворити. Мајорка сè уште го живее фудбалскиот момент и еуфоријата од камбекот во Ла Лига.

За домаќините сè уште стартер не бил Александар Трајковски, а вечерва е можно тој да биде во почетните 11 на домашниот состав.

Атлетик има пет победи по ред против Мајорка, а последниот меч што го загубиле од денешниот ривал е тој во 2011 година со 0:1.

Последните меѓусебни дуели на овие два состави, како по правило, се неефикасни, но вечерва се очекува да има барем два гола.

Предлог тип: Х2&2-4 (2.00)

 

Сетубал – Брага (Примера, Португалија, 21.30 часот)

Сетубал се мачи да постигне гол во новиот шампионат на Португалија и досега во четири кола тоа не им успеа. Имаат три ремија и пораз, играат цврсто, но енигма им е како да се затресе противничката мрежа.

Брага почна со победа и потоа стигна незгодна серија од 3 меча без триумф. Загубија два дерби-меча со конкурентите од врвот, а особено ги пече тешкиот пораз од минатото коло. Брага загуби дома од Бенфика со 0:4, а мечот беше чуден со два автогола на домаќините.

Нов кикс, па дури и реми би биле опасни за амбициите на Брага, екипа која ја претставува Португалија во Лигата на Европа, а е редовен учесник во еврокуповите во последно време.

Во четврток ја чека тежок меч против Вулверхемптон на гостински терен, но Брага мора да го победи Сетубал за да се врати на победнички колосек, по трите неуспеси по ред.

Предлог тип: 2 (1.80)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести