Петочна „Игра на голови“

Вилјареал – Бетис (21ч – Ла Лига, седмо коло)

Вилјареал ќе бара начин како да закрепне по поразот од Барселона на „Камп ноу“ пред три дена, а уште вечерва имаат прилика за такво нешто против гостите од Андалузија. Бетис е непоразен во четири меча во шампионатот, во коишто освоија осум бода, а на таа серија може да ѝ дојде крајот бидејќи на стадионот „Керамика“ ретко кога бележи добар резултат.

Двете екипи сја делат осмата позиција со еднаков број бодови по шест кола, Вилјареал е за нијанса поефикасен и затоа е пред Бетис. Жолтата подморница од 2007 година досега седумпати ја нагостила екипата на Бетис и во тие меча издвоиле пет победи, без пораз. Добро е што на дуелите на овие две екипи во просек се постигнуваат по два гола, а 2-1 е најчест резултат.

Предлог тип: 1X & 3+ (2.40)

 

Унион Берлин – Ајнтрахт Франкфурт (20:30ч – Бундеслига шесто коло)

Унион по изненадувачкиот триумф над Дортмунд, нареди два порази и се приклучи на екипите од долниот дел од табелата. Вечерва повторно им доаѓа поквалитетна екипа, Ајнтрахт од Франкфурт, кои исто така не се во посакувана форма, па затоа овој меч е важен и за двете страни.

За екипата од Берлин е добро што противникот не се снаоѓа на гостувањата оваа сезона, досега Ајнтрахт претрпе два порази, а тој факт може да биде клучен во типувањето на овој меч. Единствена препрека за Унион е меѓусебниот учинок против гостите од Франкфурт, немаат ниту една победа во седум средби. Последен пат се сретнаа во 2012 година во Цвајта, а Ајнтрахт славеше со убедливи 4-0. Впрочем, само еден од седумте дуели е во рамки од Германскиот куп, сите останати се во втората германска лига.

Предлог тип: Т2 1-2пол. (2.05)

 

Фулам – Виган (20:45ч – Шампионат лига, деветто коло)

Некогашните премиерлигаши имаат турбулентен вовед во сезоната. Фулам веќе четири меча не може да освои три бода, додека Виган конечно победи по седум неуспешни обиди. Иако планот на лондончани е експресно да се вратат во англиската елита, доколку не направат драстична промена во нивната игра, тешко дека ќе си ја остварат целта.

За Виган е важно да остане во Шампионат лигата, а по победата над Чарлтон, сега ќе се обидат да украдат бод на „Крејвен котиџ“. Добро е што погодоци не се недостаток во меѓусебните дуели на Фулам и Виган. Во рамките од Втората англиска лига, на четири средби се постигнати 17 гола, што е одличен учинок ако се знае дека еден меч заврши 0-0.

Против Виган оди фактот што последен пат го победи Фулам пред 13 години, така што гостите ќе треба да прикажат брилијантно издание за да стават крај на таа црна серија.

Предлог тип: Т11+I & 1+II (2.35)

 

Стоук – Нотингам форест (21ч – Шампионат лига, деветто коло)

Нотингам по поразот од ВБА во првото коло, се разигра и во осум меча оствари четири победи и исто толку ремија. Со тоа некогашниот европски првак се најде во топ 6 местата на табелата, што им одговара на нивните амбиции да се изборат за елитата во Англија. Во сосема различна форма е Стоук. Грнчарите уште се без победа, шест порази и само две ремија, нормално дека се претпоследни на табелата.

Стоук одамна не бил толку лош, а Нотингам во вистински момент гостува и има убава прилика да си ја продолжи добрата форма. Помина точно една година откако овие две екипи одиграа дуел кој завршил со 3+ погодоци, инаку реми е најчест исход.

Предлог тип 3+ (2.25)

 

АЕК Ларнака – Аполон (18ч – Кипар, Прва лига, заостанато коло)

АЕК и Аполон денес ќе го одиграат презакажаниот дуел од првото коло. Домаќините досега остварија една победа и две ремија благодарение на голгетерската форма на македонскиот репрезентатитвец Иван Тричковски. Тричко во тие три дуели постигна пет гола и не планира да застане тука.

Ларнака инаку е поуспешна во меѓусебните дуели против Аполон. Ако се земат предвид последните пет првенствени дуели, два завршија во корист на АЕК, а само еден за Аполон. Тимот на Тричковски ретко греши на домашен терен, последен кикс против Аполон им беше пред две и пол години, така што голема е веројатноста АЕК денес да оствари нов позитивен резултат.

Предлог тип: 1X & 1-3 (2.45)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести