Во Киев ремито е по вкус на Украина и Португалија

Бугарија – Англија (20.45 часот)

Бугарија сè уште ја чека првата победа во овие квалификации, што не донесоа никаков напредок кај нашиот источен сосед иако се најавуваше битка за првите две позиции. Избраниците на Красимир Балаков играат нов лош циклус и ЕП останува само сон.

Целта е да се избегне последната позиција, но вечерва ќе биде тешко против првиот фаворит Англија. Гордиот Албион го претрпе првиот пораз во квалификациски циклус во последните 10 години, а против Чешка одиграа слабо.

За да не направат од готово вересија на „Васил Левски“ во Софија, мора да победат. Според квалитетот, Англија е голем фаворит, но мора да одигра многу подобро од претхдниот дуел во Прага.

Чесите им го покажаа патот за успех на Бугарите против селекција од рангот на Англија. Мора да се игра агресивно, напаѓачки против Англичаните за да се смета на подвиг. Гостувањата на Балканот секогаш се тешки за Англичаните, но овојпат имаат императив и квалитет да се носат со притисокот и да победат во Софија.

Предлог тип: 2&2-5 гола (1,53)

 

Франција – Турција (20.45 часот)

Турците славеа голема победа против Триколорите на првиот меч меѓу двете репрезентации во групата Х и ако денеска останат непоразени на „Сент Дени“, ќе бидат многу блиску до настап на ЕП.

За нив многу важна беше победата против Албанија пред три дена, со што си ги отворија ширум портите кон шампионатот што ќе се игра следната година.

Французите ќе сакаат реванш за првиот пораз откако се светски прваци, а ги надигра токму Турција. Имаат проблеми со напаѓачите бидејќи повторно нема да играат Килијан Мбапе и Усман Дембеле, а отсутни ќе бидат и Погба, Умтити и голманот Љорис. Можно е да не играат и Канте и Дињ, што ќе биде дополнителен хендикеп. Иако имаат голем избор на квалитетни играчи, отсуството на вакви фудбалери сигурно ќе се почуствува. И на дуелот со Исланд беше видливо дека Франција не е на очекуваното ниво, иако победи со 1:0.

Турција се спаси против Албанците, па сега ќе се обиде со цврста одбрана и брзи контранапади да им парира на светските прваци, но Франција е посилна и поквалитетна репрезентација и ќе типуваме дека ќе победи.

 

Предлог тип: 1 (1.42)

 

Косово – Црна Гора (20.45 часот)

Првиот меч во Подгорица предизвика вистински лом во таборот на Црна Гора. Како што обично се случува на Балканот, историјата, политиката и спортот се измешаа и настрадаа самите Црногорци. Ремито 1:1 не им одговараше, а подоцна беше сменет селекторот Тумбаковиќ, а целиот хаос ги чинеше скапо, па амбициите за историски пласман на ЕП останаа само сон.

Сега Косово е во еуфорија, а кога е така со балканските селекции, ретко кога завршницата била позитивна. Домаќините имаа многу солидна селекција на фудбалери, но се под голем императив. Ако не ја победат отпишаната Црна Гора, ќе се одалечат од целта да се игра на прво големо натпреварување.

Добро за Косово е што ќе ги има сите важни играчи на располагање, за разлика од Црногорците, каде што Стефан Савиќ и Вукан Савичевиќ се повредени и нема да настапат во Приштина.

Црна Гора нема победа една година и Фарук Хаџибегиќ најавува атак на трите бода, иако немаат шанси за настап на ЕП. Косово мора во офанзива ако сака да остане во трката со Англија и Чешка за првите две позиции, па кога се работи за Балканот, можеби најдобро е да се типува на голови.

Предлог тип: ГГ (2.25)

 

Украина – Португалија (20.45 часот)

Украинците со реми ќе бидат сигурен патник на ЕП 2020 година бидејќи ќе бидат недостижни за моментно третопласираната Србија во групата Б.

Андриј Шевченко прави чуда со селекцијата на Украина и во една многу сложена група има шанса уште вечерва да слави пласман на континенталниот шампион.

Ремито ѝ одговара и на Португалија, која би имала најмалку два бода предност пред Србија пред последните две рунди и полесен распоред и подобар меѓусебен скор.

Во ваква ситуација најчесто се игра претпазливо и целта е да не се прими гол и да не се загуби бидејќи влогот е голем, особено за актуелниот европски првак Португалија. Роналдо и соиграчите не смеат да загубат на „Олимпискиот стадион“ во Киев за да бидат на вистинскиот пат кон ЕП 2020 година, каде што би ја бранеле титулата.

Предлог тип: Х (3.10)

 

Литванија – Србија (20.45 часот)

Србите многу лесно излегуваат накрај со Литванија и имаат 4 победи и само еден пораз во меѓусебните дуели. За гостите неуспех вечерва е и реми, што би значело отпаѓање од трката за пласман на ЕП.

Покрај тоа што се во минус со бодови во однос на Украинците и Португалците, имаат лош меѓусебен биланс со двете селекции, па и во случај да се израмнети со бодови, нема да играат на континенталниот шампионат следната година.

Шансите на избраниците на Љубиша Тумбаковиќ и вака се мали, но за да се задржи искра надеж, мора да се победи во Вилнус.

Литванија игра лош квалификациски циклус и има само едно реми и пет порази, со катастрофална гол-разлика од 4:17. Србија е фаворит и типуваме дека ќе победи.

Предлог тип: Т2+ (1.45) Супер тип на Sport Life

 

Во дневната понуда на Sport Life со специјални коефициенти денеска се три натпревари кои можете да ги одиграте заедно на тикет:

Бугарија – Англија 2&2-4 гола (1.90)

Литванија – Србија 2-2&3+ (2.65)

Франција – Турција 1+I&3+ (2.00)

 

- Оглас -

Најнови вести