Јака Малус имаше одлична сезона во дресот на Вардар и секако е еден од најзаслужните што Црвено-црните ја освоија двојната круна во македонскиот ракомет. По денешната убедлива победа над Пелистер од 15 разлика, Малус најави дека очекува уште поголеми успеси следната сезона, а посебно ги пофали фантастичните навивачи во салата „Јане Сандански“.
„Мислам дека никој не очекуваше ваква сезона на Вардар, не само на мене лично, туку цела екипа, кога почнавме турнири и подготовки. Со секој натпревар правиме чекор напред и уште чекориме напред. Мислам дека сме на вистински пат за следната сезона. Верувам дека ќе се случи нешто добро наредната сезона. Очекувам полна сала, кога имаме навивачи на трибините, се е можно. Гледаме дека кога имаме поддршка, никој не може да не победи. Имаме уште еден меч дома со Тиквеш и ја завршуваме сезоната. Немаме пораз дома, тоа е наша гордост“, изјави Малус по триумфот над Пелистер.

