Екипата на ТФТ Скопје загуби убедливо на гостувањето во Чачак од Борац со 97:61 во првиот меч од плејофот за пласман во АБА 1 лигата. Борац и сезонава играше во елитното друштво, а на крајот заврши на претпоследното место на табелата, па мора сега да игра бараж дуели против ТФТ кој играше во финалето на АБА 2 лигата.
Уште во првата четвртина Борац покажа сила и поведе со 22:12. Во втората четвртина домаќините водеа со 37:28, кога тимот од Чачак со серија од 10:0 стигна до 19 поени предност 47:28. На полувреме, Борац водеше со огромни 22 разлика (54:32).

Ништо не се смени и во второто полувреме. ТФТ беше во инфериорна ситуација, па Борац Чачак водеше со 69:42 во 28 минута и потоа до крајот мечот беше формалност.
Марко Јосило и Павле Николиќ постигнаа по 20 поени и беа лидери во победничкиот тим, а дури петмина кошаркари беа со двоцифрен број на поени. Единствената светла точка кај ТФТ беше Стенли со 17 поени.
Следниот дуел од овој плејофот за пласман во АБА 1 лигата ќе се игра во Скопје.

