Астон вила немаше милост против Нотингем форест и го победи со убедливи 4:0 во реванш мечот од полуфиналето во Лига на Европа. Со овој триумф, Астон вила ја анулира негативата од 0:1 што ја имаше по првиот меч во Лондон и со вкупен резултат од 4:0 се пласираше во финалето во второто по ранг натпреварување на УЕФА.
Оли Воткинс со гол во 36 минута го најави убедливиот триумф на Астон вила, а шоуто на домашната екипа продолжи во второто полувреме. Буендија во 57 минута зголеми на 2:0 од пенал, а во последните 15-тина минути два погодоци постигна Мек-Гин за убедлива победа од 4:0.
Во финалето, Астон вила ќе игра против Фрајбург, кој истотака пред своите фанови успеа да анулира негатива што имаше по првата пресметка против Брага. Португалскиот тим во Германија дојде со предност од 2:1, но Фрајбург вечерва славеше со 3:1 и оди во финалето со вкупен резултат од 4:3.
Англиски тим ќе има и во финалето од Конференциската лига на УЕФА, а тоа ќе биде Кристал Палас. Лондончани со 2:1 беа подобри од Шахтер и со вкупна победа од 5:2 го елиминираа украинскиот тим.
Во финалето, Кристал Палас ќе игра против Рајо Валјекано. Шпанскиот тим на гости кај Стразбург замина со минимална победа од 1:0, а Рајо успеа и вечерва да се радува со 1:0.

