Баерн и Борусија Дортмунд имаат гаранција за голови во Бундеслигата

Мајнц – Унион Берлин (Сабота, 15.30 часот)

Мајнц игра сосема коректно на домашен терен и според мене е фаворит против Унион Берлин. Гостите се уште се прилагодуваат на играњето во Бундеслигата, а грото бодови ги освоија како домаќини.

Интересно е што ова ќе им биде прв меѓусебен меч по цели 15 години, кога и двете екипи беа второлигаши. Мајнц е во предност и ќе типувам единица.

Предлог тип: 1 (2.28)

 

Херта – Лајпциг (Сабота, 15.30 часот)

Како игра Лајпциг во последно време тешко е дека и посилен состав од Херта може да им се спротивстави. Да се постигнат дури 16 голови на три меча не е мала работа, а избраниците на Нагелсман се опасен противник во моментов и се наоѓаат во топ-форма.

Херта игра променливо, на почетокот на сезоната. „Олимпискиот“ стадион во Берлин и не е некоја неосвоива тврдина, па очекувам Лајпциг да продолжи да гази сигурно во меч со најмалку три погодоци.

Предлог тип: 2&3+ (2.55)

 

Шалке 04 – Фортуна Диселдорф (Сабота, 15.30 часот)

Дуелите меѓу Шалке 04 и Фортуна си имаат посебен шмек, без разлика на позицијата на табелата и формата на двете екипи. Гелзенкирхен и Диселдорф се блиску, па ова е локално дерби.

Шалке е во одличен тренд и има само еден пораз на последните 9 меча, па очекувам да ја победат и Фортуна, екипа што игра послабо на гости сезонава од лани.

Предлог тип: 1 (1.72) Супер тип на Sport Life

 

Баерн – Борусија Дортмунд (Сабота, 18.30 часот)

Ќе биде интересно да се види како ќе реагираат играчите на Баерн под команда на нов тренер и по заминувањето на Нико Ковач. Првиот тест против Олимпијакос го положија успешно, но денеска ги чека малку потежок меч.

Борусија ќе има дополнителна енергија, по неверојатниот пресврт против Интер и победата од 3:2 во Лигата на шампионите.

Ова е дуел што секогаш привлекува огромно внимание не само во Германија, а во последно време и двете екипи потполно го оправдуваат епитетот големо дерби во Бундеслигата. Играа ефикасно, па очекувам и денеска тој тренд да продолжи.

Предлог тип: 3+ (1.43)

 

Фрајбург – Ајнтрахт Франкфурт (Недела, 18 часот)

Фрајбург пријатно ме изненади со добриот старт во новата сезона. Ајнтрахт во последните години постојано е конкурент за висок пласман во Бундеслигата и атакува на позиции што водат во еврокуповите.

Кај мојот поранешен тим имаше комплетна реконструкција во напаѓачкиот ред, а Андре Силва, Пасиенсија и Дост се покажуваат како добри замени за Јовиќ, Халер и Ребиќ.

На тимот од Франкфурт му требаше и малку време да се воигра, а и натпреварите на повеќе фронтови секогаш се проблематични, но Ајнтрахт игра солидно. Немаат пораз од Фрајбург на последните четири меѓусебни натпревари.

Овде ќе избегнам да типувам на конечен исход во дуел на две одлични екипи, па ќе се одлучам за три, или повеќе голови.

Предлог тип: 3+ (1.68)

 

 

- Оглас -

Најнови вести