Зверев за својот противник во финалето на Ролан Гарос: „Тој е исклучително смешен“

Финалистите на „Ролан Гарос“, Александер Зверев и Флавио Коболи се одлични пријатели надвор од терените, а сега ќе се борат за својот прв трофеј од гренслемите во кариерата.

Германецот е секако фаворит во тој натпревар, но тој не гледа така. 

„Немав брутално долги натпревари. Искрено, чувствувам дека можам повторно да играм утре. Не мислам дека сакате да ви се случи предавање на полуфинале на грендслем, но го видов Матео во соблекувалната, навистина изгледаше очајно. Го разбирам. Не можеше многу да направи. Се случуваат такви работи, сите сме луѓе. Не сакате тоа да му се случи на никого, но се случува. Не се гледам себеси како фаворит, да бидам искрен. Флавио Коболи е добра личност. Има добро срце. Тој е исклучително забавен кога ќе го запознаете подобро. Го сакам и неговиот татко, кој е исто така исклучително смешен“, рече Саша.  

Тој откри и како започнало тоа пријателство.

„Се запознавме на Лејвер Купот во Берлин во 2024 година. Тогаш се зближивме. Имаше тешки моменти, кога неговиот татко дојде кај мене и ме испрашуваше. Го прашуваше и татко ми за тенис, разни работи. Секогаш сум среќен кога разговарам со него. Така започна сè“, рече Зверев. 

На хартија, нешто полесен пат до финалето имаше Коболи, но Зверев до финалето дојде без да се сретне со играч од Топ 20 на АТП листата, нешто што ретко се гледа на гренслемите. 

- Оглас -

Најнови вести