Мбапе: „Сите освен навивачите на Барселона знаат дека Реал Мадрид е најдобриот клуб во светот“

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, во интервју зборуваше за големината на мадридскиот клуб.

„Освен навивачите на Барселона, сите се согласуваат дека Реал Мадрид е најголемиот клуб во светот. Мислам дека тоа е очигледно за сите. Тоа е клуб кој отелотворува величина. Многу сум горд што играм за Реал Мадрид. Имам огромна желба да оставам свој белег во историјата на клубот. Ако оставите свој белег во најголемиот клуб во светот, заземате посебно место во фудбалската историја“, рече Мбапе во интервју за Сораре.

Тој смета дека и Барселона има импакт врз фудбалската историја на свој начин, но глобално Реал е број 1.

 

- Оглас -

Најнови вести