Може ли Рикелме да го победи Перез со новата предизборна „бомба“ – Јирген Клоп!

Ако Енрике Рикелме в недела вечер стане претседател на Реал Мадрид, веќе в понеделник новиот директор Раул Гонзалес ќе му се јави на Јирген Клоп во обид да го убеди да го преземе Реал. Клоп е поомилен од Мурињо помеѓу фановите на Кралскиот клуб и многумина ќе имаат дилеми дали да одат на сигурно и да гласаат за Перез или за Рикелме кој ветува огромно реновирање на фудбалскиот тим.

Анкетите велат дека Рикелме имал подобра кампања, но мнозинството верува дека ќе победи Перез со кој знаат на што се, и има сомнежи дали сите ветувања на „предизвикувачот“ кои звучат прекрасно, ќе се остварат.

Рикелме вети дека ќе ги донесе Халанд и Родри од Манчестер сити, ќе проба за тренер да го ангажира Клоп, а во клубот функции ќе имаат легендите Раул, Фернандо Јеро и Икер Касилјас. Се шпекулира дека ако тој стане претседател, би го продал Винисиус, но тоа не го кажува јавно.

Од друга страна, Перез ги има договорено Конате и Думфрис како и Мурињо за тренер, вети уште неколку принови, а ќе проба да го купи Олисе од Баерн.

- Оглас -

Најнови вести