Ембид ќе нема противник во главниот град

Џоел Ембид (НБА, Вашингтон визардс – Филаделфија 76, 01 часот)

Центарот на Филаделфија ноќеска ќе нема сериозен противник бидејќи Вашингтон има многу проблеми на петката и ќе недостасуваат двајцата главни играчи под кошевите. Том Брајант и Јан Махинми се повредени и нема да настапат, па принудно на позиција центар ќе игра дебитантот Руи Хачимура.

Хачимура е голем потенцијал, но природна позиција му е крило, а не центар, па ќе мора да се жртвува и да се обиде да го сопре Ембид.

Џоел е еден од најдобрите кошаркари во НБА на таа позиција и ноќеска ќе се обиде да ја искористи големата предност во висина и во физичка сила што ја има во однос на Хачимура.

Предводени од Ембид, кошаркарите на Филаделфија ќе имаат и шанса да се реваншираат за двата последни високи порази од Вашингтон.

Предлог тип: >25.5 поени (1.87)

 

Бредли Бил (НБА, Вашингтон визардс – Филаделфија 76, 01 часот)

Двајца стандардни играчи од првата петорка што беше проектирана да игра за Вашингтон сезонава во НБА се повредени, а на Џон Вол сега му се приклучи и Том Брајант.

Вашингтон е хендикепиран и тоа се чувствува на резултатите. Наредија три порази и имаат скромен биланс од 6-13, што е слаб ефект и неочекуван скор за тим што има двајца бекови на Олстар во ростерот.

Бредли Бил е моторот на екипата и убедливо најдобар стрелец со просек од 28,7 поени. Има исклучителни квалитети, но во финишот на годината е оставен речиси сам да ја влече локомотивата на Визардс. Просекот на поени му е одличен, изнесува 28,7 поени, а толку отприлика е и границата на поени во додатокот на Sport Life за мечот што Бредли ноќеска ќе го игра против 76-те.

Бил игра одлично против Филаделфија, му лежи играта на 76-те и ќе типуваме дека ќе постигне повеќе од 28 поени.

Предлог тип: >28.5 поени (1.80)

 

Брендан Инграм (НБА, Њу Орлеанс пеликанс – Феникс санс, 02 часот)

Крилото на Пеликанс брзо се адаптира во новата средина и е водечки стрелец на тимот со просек од 25,4 поени. Инграм е одличен кошаркар и си ја користи шансата да игра во тим што има перспектива и не е под којзнае каков притисок и императив во оваа сезона.

Двете екипи се многу ефикасни, а на последните три меѓусебни дуели беше драматично. Два завршија по продолженија, а пред петнасеттина дена Њу Орлеанс славеше со 124:121 и Инграм беше најдобар стрелец со 28 поени.

Очекуваме повторно да се игра брзо, ефикасно и атрактивно, а во таков стил на игра крилото на Пеликанс одлично се снаоѓа.

Предлог тип: >23.5 поени (1.87)

 

Девон Букер (НБА, Њу Орлеанс пеликанс – Феникс санс, 02 часот)

Бекот шутер на Феникс одигра три скромни натпревари по ред и си го расипа просекот, кој сега е 24,1 поен по меч во новата сезона.

Феникс има млад тим, со доста таленти во ростерот и им предвидуваат блескава иднина. Букер е првата ѕвезда и главен адут на Сонцата, кои годинава можат да бијат битка за плејоф.

Против Њу Орлеанс, Букер игра одлично и често постигнуваше 25 или повеќе поени, колку што е границата за Девон за овој меч во додатокот за НБА-лигата во Sport Life.  Ќе типуваме на плус поени.

Предлог тип: >24.5 поени (1.87)

 

Кели Убре џуниор (НБА, Њу Орлеанс пеликанс – Феникс санс, 02 часот)

Секој меч во „Смути кинг центарот“ во Њу Орлеанс е посебно емотивен за Кели Убре. Ниското крило на Феникс е роден во Њу Орлеанс, а секогаш има мотив повеќе да игра во својот роден град, иако и ноќеска ќе биде на противничката страна.

Кели е еден од најатрактивните кошаркари во НБА, а неговите забивања се за посебно уживање. Има мек шут, знае да погоди и тројка и е одличен дефанзивец и се чини дека Феникс си доби џекпот во трампата со Вашингтон визардс во декември 2018 година.

Убре е млад кошаркар, има само 23 години и со Букер и Ајтон се очекува да биде дел од триото што ќе го врати сјајот на Сонцата од Феникс. Има просек од 17,3 поени и специјален мотив ноќеска да одигра квалитетно пред својата публика во родниот град.

Предлог тип: >17.5 поени (1.87)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести