Нагелсман го знае рецептот за победа против Хофенхајм

Лајпциг – Хофенхајм (Бундеслига, 15.30 часот)

Јулијан Нагелсман за првпат ќе го предводи Лајпциг против својот поранешен клуб Хофенхајм. За еден од најдобрите млади тренери во Европа ова ќе биде специјален момент, бидејќи со одличната работа во Хофенхајм се промовираше во врвен фудбалски стручњак.

И во Лајпциг врши одлична работа, а Ред Бул се во топ-форма со четири победи по ред во Бундеслигата. Со триумф против Хофенхајм можат и да бидат лидери во германското првенство. Ги чека меч во Лигата на шампионите во вторник против Лион, но таму и поразот за нив не значи речиси ништо, бидејќи обезбедија пласман во нокаут фазата.

Наглесман одлично го познава Хофенхајм и очекуваме во ефиксен меч и да се радува на победа против својот поранешен тим.

Предлог тип: 1&ГГ (2.60)

 

Борнмут – Ливерпул (Премиерлига, 16 часот)

Борнмут е еден од најлесните ривали во последно време за Ливерпул, а доминацијата во последните сезони на Црвените од „Енфилд Роуд“ е очигледна. Имаат четири победи по ред со гол-разлика 14:0.

И сега ситуацијата, формата и квалитетот им дава за право на актуелните европски прваци да очекуваат нов триумф против популарните „цреши“ кои имаат многу кадровски проблеми сезонава.

Поради повреди сигурно нема да играат Брукс, Кук, Даниелс, Станислас и Кинг, а неизвесен е и настапот на Шурман, Смит и Кели.

Ливерпул ќе има незгоден предизвик во вторник во Австрија против Салцбург во Лигата на шампионите, во меч што не смее да го загуби, но сепак е голем фаворит против Борнмут и ќе типуваме петта победа по ред во меѓусебните дуели.

Предлог тип: 2 (1.47)

 

Монпелје – Пари Сен Жермен (Лига 1, 17.30 часот)

Монпелје игра ефикасно во последно време, но во Лига 1 во Франција никој не може да му конкурира на ПСЖ според бројот на голови. Популарните светци на 15 натпревари постигнаа 32 гола, колку што има Лион, но со два меча повеќе.

Монпелје знае да го победува ПСЖ на свој терен и тоа го стори двапати на последните три гостувања што парижани ги имаа на „Стад Дела Мосон“.

Во сезоната 2016/17 година тие беа едни од виновниџите што ПСЖ не ја освои титулата во трката со Монако, откако го поразија тимот од главниот град со 3:0 на домашен терен. И лани Монпелје славеше против ПСЖ со 3:2, па ќе типуваме дека и сега ќе постигне барем еден гол.

ПСЖ има ревијален меч во Лигата на шампионите против Галатасарај, веќе си го обезбеди првото место во А групата и ќе игра во нокаут фазата, па со сите сили може да тргне во офанзива и по победа на незгодното гостување во Монпелје.

Предлог тип: ГГ (1.76)

 

Удинезе – Наполи (Серија А, 18 часот)

Ова ќе биде интересен дуел и за нас, бидејќи еден против друг ќе играат македонските репрезентативци Илија Несторовски за Удинезе и Елиф Елмас за Наполи.

И двата клуба се во криза, а Наполи ќе има и поинакви проблеми пред денешното гостување во Удине. Гостите сакаат да ја прекинат серијата од 8 меча без победа во сите натпреварувања, но ги чека и клучен меч против Генк во Лигата на шампионите. Им треба реми на домашен терен за да си обезбедат пласман во следната фаза.

Наполитанците мораат да мислат на тој меч, но и конечно да победат во Серија А за да ја вратат самодовербата по хаосот што им се случува на релација сопственик – играчи и стручен штаб.

Гостите веријатно и не можеа да одберат подобар ривал во обидот да се прекине долгиот пост, а Удинезе за нив е иделаен противник. Го победија на последните 7 меча и ќе типуваме дека тоа ќе го сторат и денеска.

Предлог тип: 2 (1.76)

 

Барселона – Мајорка (Ла Лига, 21 часот)

Барселона и Мајорка не играле во Ла Лига од април 2013 година и ова ќе биде прв меч во елитната шпанска лига по пауза од 6.5 години.

Традицијата апсолутно е на страната на Барселона, екипа што има пет убедливи победи по ред против Мајорка. Отприлика и сега е таков односот на силите меѓу лидерот и 17-пласираната екипа во Шпанија.

Барселона ги прегрме грижите околу пласманот во следната фаза во Лигата на шампионите, првото место е загарантирано во  Ф групата, без разлика на исходот на дуелот во Милано против Интер, па главна цел е да се победи Мајорка за да се остане на врвот во Шпанија.

Меси, Суарес, Гризман и останатите ѕвезди на Барса се пресилни за ривалот од Балеарските острови.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.76)

 

Во стандардната дневна понуда на Sport Life со специјални коефициенти можете да ги одиграте овие три двојки:

 

Монпелје – ПСЖ (Лига 1, 17.30 часот)

Предлог тип: 2&Т2 3+ (2.75)

Манчестер сити – Манчестер јунајтед (Премиерлига, 18.30 часот)

Предлог тип: 1&ГГ (2.85)

Лацио – Јувентус (Серија А, 20.45 часот)

Предлог тип: Х2&2-4 гола (2.25) 

 

- Оглас -

Најнови вести