Баерн ќе го симне од врвот лидерот во Бундеслигата

Борусија Дортмунд – Фортуна Диселдорф (Сабота, 15.30 часот)

Со победата во Берлин против Херта, Борусија најави дека ја остава кризата зад себе, па очекувам нова победа на „милионерите“ во ефикасен меч.

Борусија мора да мисли и на дуелот од Лигата на шампионите што ќе го игра дома против Славија Прага. Тој меч може да биде клучен за целата сезона на клубот, бидејќи се работи за пласман понатаму во луксузното натпреварување.

Сепак избраниците на Лусиен Фавр мораат да ја победат и Фортуна, бидејќи секој друг исход ги оддалечува од битката за титулата во Бундеслигата.

Предлог тип: 1&3+ (1.75)

 

Аугсбург – Мајнц (Сабота, 15.30 часот)

Ахим Бајерлорцер донесе свежина во тимот на Мајнц и на двата меча како нов кормилар на тимот забележани се две големи победи против фаворитите Хофенхајм и со Ајнтрахт.

Очекувам Мајнц да продолжи да игра добро, атмосферата во клубот драстично се подобри, а тимот побегна од опасната зона.

Аугсбург игра солидно на домашен терен, Мајнц е скромен гостин,  па некако ремито ми изгледа најреален исход.

Предлог тип: Х (3.55)

 

Фрајбург – Волфсбург (Сабота, 15.30 часот)

Традицијата на дуелите меѓу Фрајбург и Волфсбург ветува нов возбудлив меч со многу голови. Проблем за домаќините ќе биде отсуството на Грифо и на Валдшмит, но сезонава Фрајбург игра одлично и е многу ефикасен состав.

Волфсбург некако го загуби чекорот и има само една победа на последните шест меча. Поразот од Вердер на домашен терен ја подрасипа добрата атмосфера по триумфот во Франкфурт, па сега повторно ќе мора да се обидат со успех на „Шварцвалд“ да се пробијат кон горниот дел на табелата. Очекувам ефикасен меч и голови на двете страни.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.10)

 

Борусија Менхенгладбах – Баерн Минхен (Сабота, 15.30 часот)

Лидерот против шампионот во Бундеслигата секогаш е меч за уживање, а и двете екипи имаат големи очекувања. Добро за Баерн е што на убедлив начин се пласираше во следната фаза во Лигата на шампионите, па последниот меч со Тотенхем ќе биде само ревијален.

Баварците ќе можат со сите сили да одат на победа против Борусија, екипа што има најдобар ефект на домашен терен во овој дел од сезоната.

Иако „Борусија Парк“ е тежок терен за играње за сите гостински екипи во Германија, сепак очекувам победа на Баерн.

Предлог тип: 2 (1.71) Супер тип на Sport Life

 

Лајпциг – Хофенхајм (Бундеслига, 15.30 часот)

Лајпциг е во топ-форма и има четири победи по ред во германското првенство, па тука очекувам серијата да продолжи. Јулијан Нагелсман дојде токму од Хофенхајм во Лајпциг и одлично ги познава своите донеодамнешни избраници.

Ред Бул може со победа да биде и лидер на табелата, ако Баерн не загуби во Менхенгладбах, а очекувам Лајпциг да си ја заврши успешно домашната задача, денеска против Хофенхајм.

Предлог тип: 1&3+ (1.90)

 

 

- Оглас -

Најнови вести