Визардс се магична екипа за кошеви, Клиперс им најави реприза

Мајами хит – Чикаго булс (НБА, 00 часот)

Мајами игра одличен прв дел од сезоната и е на делба на четвртата позиција во целата лига со биланс од 16 победи и 6 порази.

Доаѓањето на Џими Батлер, одлично им дојде на „жешките“ момци од Мајами, а успехот е уште поголем ако се знае дека постојано се мачат со повреди на дел од клучните играчи. Ноќеска нема да игра Горан Драгиќ, а неизвесен е и настапот на Џастин Винслоу и на Бен Адебајо, но и без нив Мајами е фаворит против Чикаго.

Веќе одиграа еден меч меѓусебе сезонава и Мајами лесно го победи Чикаго со 116:108 на гостински терен. Ќе биде интересно да се гледа новиот дуел меѓу Батлер и Зак Лавињ, двајца кошаркари со Ол-стар калибар, но во моментов Мајами е и во подобра форма и има подбар тим.

Предлог тип: 1-1 (1.65)

 

Филаделфија 76 – Торонто репторс (НБА, 00 часот)

Ова е дуел на две екипи од кои се очекува да бидат дел од октетот најдобри во Источната конференција и да настапат во плејофот.

Шампионот Торонто добро се носи во првата сезона без Кавај Ленард, а товарот сега паѓа на триото Сијакам-Лаури-Ван Флит.

Важно за Репторс е што Ол-стар бекот Кајл Лаури се врати на паркет по повредата. Играат добро и со биланс 15-6 се во горниот дел од табелата на Истокот во НБА.

Филаделфија е веднаш зад нив со скор 16-7, а популарните 76-ки ноќеска би требало во стартната петорка да го имаат и Џоел Ембид. Центарот на Фили продолжува како и лани, па по секој трет, или четврти меч паузира, за потоа пак да игра.

Ноќеска ќе им недостасува Џош Ричардсон, но сепак стартната петорка на домаќините е една од најдобрите во Лигата. Ќе имаат и мотив да се реваншираа за поразот од Торонто пред десеттина дена.

Очекуваме цврст меч на два големи ривали во Источната конференција и ќе типуваме дека ќе има помалку од 214 поени.

Предлог тип: < 213.5 поени

 

Вашингтон визардс – Лос Анџелес клиперс (НБА, 00 часот)

Пред една седмица двете екипи го одиграа еден од најефикасните мечеви сезонава, а Клиперс славеа убедливо со 150:125.

Кога игра Вашингтон, предизвик е за сите екипи да се натпреваруваат со Визардс во бројот на поени, а сезонава тимот од главниот град игра за кош повеќе, без многу калкулации и речиси без одбрана.

Клиперс имаат моќен тим и се големи фаворити за победа. Ноќеска ќе имаат можност повторно да одиграат меч без многу напор во одбраната.

Вашингтон најчесто се потпира на Бредли Бил и во последно време и на Дејвис Бертанс и Руи Хачимура.

На домаќините ќе им недостасува центарот Том Брајант, а нема да игра и бекот Ајзеа Томас, па поразот е речиси неизбежен. Ќе типуваме дека гостите ќе слават победа во ефикасен меч.

Предлог тип: 2&>234.5 поени (2.65)

 

Ривер плејт – Сан Лоренцо (Аргентина, Суперлига 01.45 часот)

Ривер со победа ќе биде лидер на табелата во Аргентина, пред вечниот ривал Бока јуниорс, па мотивите за победа се големи.

Ланскиот шампион на Јужна Америка полека го преболува драматичниот пораз од Фламенго во второто финале по ред што го играше во Копа Либертадорес.

Ноќеска на „Монументал“ се фаворити против Сан Лоренцо, но треба да внимаваат, бидејќи гостите воопшто не се наивен ривал.

Сан Лоренцо нема пораз на три меча по ред, а и против Ривер игра солидно, па честопати во последно време и го победуваше аргентинскиот гигант.

Фабрицио Колочини, поранешниот аргентински репрезентативец и на 37 години е столб на одбраната на Сан Лоренцо, а домаќините треба да внимаваат и на опасното дуо парагвајски репрезентативци со исто презиме Ромеро. Тука е и големиот талент на аргентинскиот фудбал Адолфо Гајц, кој има само 19 години.

Ривер е поблиску до победата, но ќе типуваме дека и Сан Лоренцо ќе постигне барем еден гол.

Предлог тип: 1&ГГ (3.30)

 

Едмонтон ојлерс – Бафало сејбрс (НХЛ, 02 часот)

Едмонтон игра одлична сезона и се држи при врвот на Западната конференција во НХЛ лигата. Тимот од Канада ги има и двајцата најдобри поентери во Лигата.

Леон Драисајтл и Конор Мек Дејвид се број 1 и 2 со 53, односно 52 поени и засега одлично го предводат Едмонтон кон плејофот. Проблем за Ојлерс ќе биде отсуството на Наџент-Хопкинс, некогашниот прв пик на драфтот во НХЛ.

Бафало игра солидно, иако има два порази по ред. Популарните сабјарки се на осмото место во Источната конференција и се надеваат дека по долг период ќе играат во доигрувањето за титулата.

Џек Ејчел им е главен адут, а 23-годишниот напаѓач е во топ-10 со 41 поен во најсилната хокеарска лига. Бафало ги загуби последните два меча против Едмонтон и ќе типуваме дека им следи и трет, ноќеска во „Роџерс плејс“, кој е дом на канадскиот тим.

Предлог тип: 1&5+ (2.63)

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести