Вердер има комплекс од шампионот, Баерн ќе победи 18. пат по ред

Баерн Минхен – Вердер (15.30 часот)

Ако некој е добар ривал за Баерн да ја сопре мини-серијата од два порази во Бундеслигата, тогаш тоа е токму Вердер. Фантастично изгледа неверојатно долгата низа од 17 победи по ред на Баварците против тимот од Бремен на последните меѓусебни мечеви во германското првенство.

Очигледно е дека Вердер има комплекс од Баерн, па шампионот ќе се обиде да ја продолжи страшната доминација во дуелите со денешниот противник.

И двете екипи имаат проблем со доста повредени играчи, фудбалерите на Баерн веројатно чувствуваат замор и по мечевите во Лигата на шампионите, но имаат доволно квалитетен ростер за да го победат Вердер 18-пат по ред.

Предлог тип: 1&3+ (1.25)

 

Келн – Баер Леверкузен (15.30 часот)

Кај екипата на Келн не дојде до некаква позитивна промена и по смената на тренерот, а на Маркус Гисдол ќе му треба време да се вклопи и да ги резлизира своите планови и замисли во клубот што се бори за опстанок.

Проблем е што Келн мора веднаш да почне да игра многу подобро и да освојува бодови, ако сака опстанок во Бундеслигата. Кризата кај популарните „јарци“ е очигледна и очекувам Баер да ја искористи и да победи.

Серија од шест меча без победа и нов тренер е комплицирана ситуација за клуб од ранг на Келн, кој не може преку ноќ да ја надмине кризата.

Баер сосема спротивно има победничка атмосфера, иако загуби од Јувентус во Лигата на шампионите. Ги победи Баерн и Шалке 04 во последните две кола во Бундеслигата и очекувам и хет-трик на гостите денеска во Келн.

Предлог тип: 2 (1.95)

 

Падерборн – Унион Берлин (15.30 часот)

Падерборн и Унион Берлин ќе играат прв бундеслигашки меч меѓусебе, а очекувам да се игра цврсто, бидејќи бодовите во вакви дуели значат многу.

Унион Берлин лошо ја почна сезоната, но во последно време драстично се подобрија и имаат четири победи на пет меча. Ги прегрмеа очекуваните проблеми во историскиот настап во Бундеслигата и играат добар фудбал.

Падерборн изненади со победата во Бремен и има императив да победи и денеска за да фати приклучок со екипите што бијат битка за опстанок. Овде секој гол ќе биде драгоцен, па ќе типувам дека нема да има повеќе од два на мечот.

Предлог тип: 0-2 гола (2.30)

 

Херта – Фрајбург (15.30 часот)

Неочекувано за Бундеслигата веќе на самиот старт на сезоната имаше неколку смени на тренери, а и Херта мораше да менува. Јирген Клинсман е големо име на германскиот фудбал и очекувам да ја прекине серијата од 7 меча без победа веќе денеска против Фрајбург.

Херта има солиден тим, Клинсман има големо педигре, што им ветува добар резултат и надминување на кризата. Фрајбург е едно од најпријатните изненадувања во овој дел од сезоната, стасаа до петтото место, но некако секогаш играле полошо на гости, отколку дома.

Херта нема победа на 7 меча во Бундеслигата и пет во меѓусебните дуели со Фрајбург, но ќе типувам дека и двете серии денеска ќе паднат во Берлин.

Предлог тип: 1 (2.10)

 

Мајнц – Борусија Дортмунд (15.30 часот)

Мајнц игра многу подобро со новиот тренер Бајерлорцер, но денеска е аутсајдер против една од најдобрите екипи во Германија.

Борусија има шанса со победа да остане во игра за врвот на табелата и очекувам со квалитетот што го поседува тимот и да победи.

Мајнц тешко им се спротивставува на „милионерите“ во последниот период и нема победа на својата „Опел“ арена од 2014 година против Борусија. Моментно ја имаат најлошата одбрана во Бундеслигата со 34 примени голови, а нападот на Борусија е меѓу најдобрите и очекувам да ги казнува грешките што очигледно ги прават дефанзивците на Мајнц.

Типувам на голови и на победа на гостите од Дортмунд.

Предлог тип: 2&3+ (2.12)

 

- Оглас -

Најнови вести