Нема калкулации, Наполи ќе ја победи Сампдорија, Тричковски ќе слави на гости во Кипар

Сампдорија – Наполи (20:45 ч.)

Победата на Наполи против Јувентус треба да биде стимул за гостите да се обидат да врзат два триумфа во низа и полека да го започнат враќањето кон горниот дел на табелата во Серија А. Наполи е екипа која сигурно ќе сака да се бори за излез во Европа и следната сезона, па затоа и не смее да калкулира и мора да оди на три бода против Сампдорија.

Екипата од Џенова сезонава пред своите навивачи има повеќе порази отколку победи, а Наполи е непредвидлив на туѓ терен. Сампдорија го има четвртиот најслаб напад, што е шанса плус за Наполи. Наполитанците имаат седум победи на последните осум меча против Сампдорија, а три триумфи се на гости.

Предлог тип: 2 (1.87)

 

Бохум – Хамбургер (20:30 ч.)

Дуел на две екипи со различни мотиви во втората германска лига. Хамбургер е во трка за место кое води во Бундеслигата, додека Бохум како главна цел му е да обезбеди опстанок. Од досега освоените 20 бода, Бохум дури 15 ги заработи на свој терен, каде што има само еден пораз во 10 меча.

Хамбургер има дури шест нерешени на гости, а и Бохум најчесто дома ремизира, токму шестпати. Последните четири меѓусебни дуели се многу сиромашни со погодоци, па двете екипи погодиле само по еднаш. На седум од последните девет меча на овие два клуба немало повеќе од два гола.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.88)

 

Паралими – АЕК Ларнака (18 ч.)

Со расположениот македонски репрезентативец Иван Тричковски во составот, АЕК Ларнака оптимистички гостува кај Паралими. Тричковски на последните два меча во кипарското првенство даде шест гола за 156 минути поминати на теренот, што значи дека погодувал на секои 26 минути.

Ако и денеска Тричко биде приближно на овој просек, нема дилема дека АЕК ќе победи против тимот кој се бори за опстанок, а на домашен терен загуби шестпати во осум меча.

Предлог тип: 2 (1.85)

 

Пескара – Козенца (21 ч.)

Екипи кои се во вториот ешалон и во Серија Б. Пескара игра подобро и затоа е во сигурната зона, додека Козенца само со 4 победи во 21 меч покажува дека грчевито ќе се бори за опстанок.

Иако средбите од Серија Б често се асоцијација дека нема да има погодоци, на последните пет дуели на овие клуба секогаш било гол-гол ситуација (двете екипи да дадат барем еден погодок). Пескара е фаворит, но посигурно е да се игра на голови.

Предлог тип: 2-4 (1.56)

 

Макаби Тел Авив – Хапоел Ранана (19:15 ч.)

Макаби е една од ретките екипи во Европа кои уште немаат ниту еден пораз, па заслужено е на првото место во првенството на Израел. Иако има 15 победи во 21 коло, малку е чуден фактот дека Макаби пред своите навивачи во Тел Авив во 10 меча има само 5 победи и дури 5 нерешени. На три од последните пет дуели дома Макаби се мачеше да даде гол и затоа освојуваше само по еден бод.

Дуелот против Хапоел Ранана е како нарачан за лидерот. Хапоел е претпоследен на табелата и екипа со убедливо најслаб биланс на гости. Само оваа екипа нема ниедна победа на туѓ терен, а во 10 средби освои само два бода и даде едвај 8 гола.

Предлог тип: 1-1 3+ (2.45)

 

- Оглас -

Најнови вести