Сабјите се наострени за победа против Отава

Филаделфија флаерс – Колумбус блу џекетс (НХЛ, 01 часот)

Ова е битка за петтата позиција во Источната конференција во НХЛ-лигата, а победникот ќе го прескокне тимот на Њујорк ајландерс.

Филаделфија има и значајна предност против Колумбус бидејќи води со 2:0 во победи во меѓусебната серија што може и да одлучува во регуларниот дел од сезоната ако двете екипи имаат еднаков број на бодови.

Плејофот не им е загарантиран ниту на Флаерс, ниту на Блу Џекетс бидејќи до крајот има уште доста да се игра, а кандидати за настап во доигрувањето има многу.

Гостите имаат многу проблеми со повреди на клучните хоекари, па и ноќеска нема да играат дури деветмина играчи.

Дубински, Аткинсон, Андерсон, Корписало и уште неколкумина отсутни се значајни за играта на Колумбус, па тоа се почувствува и на резултатите. Нанижани се пет порази, а и ноќеска Филаделфија може да ги искористи кадровските проблеми на гостинскиот состав.

Предлог тип: 1 (2.10)

 

Питсбург пингвинс – Торонто мејпл лифс (НХЛ, 01 часот)

Питсбург го растури Торонто со 6:1 во единствениот меѓусебен меч на двете екипи сезонава, а на 17 ноември блескаа Кахун со два гола и асистенција и Раст со еден погодок и две асистенции.

И Пингвините и Торонто имаат проблеми со повреди на хокеарите и извесно е дека ноќеска по шестмина играчи ќе бидат отсутни, па во тој поглед силите се израмнети.

Пистбург со победа ќе го мине Вашингтон на третата позиција на табелата на Истокот од НХЛ-лигата, а Торонто се надева на реванш и на пробив во Топ-8 во истата конкуренција.

Питсбург има подобар тим и е во подобра форма, па типуваме на победа на домаќинот.

Предлог тип: 1 (2.10)

 

Отава сенаторс – Бафало сејбрс (НХЛ, 01.30 часот)

Бафало го фаќа можеби и последниот воз за евентуален настап во плејоф и ако не успее да ја победи Отава, тогаш многу тешко ќе биде да се пробие до осмата позиција во Источната конференција.

Сабјите имаат 62 бода, 8 помалку од осмопласираната Каролина и меч повеќе, што само потврдува дека ноќеска ќе мораат да играат на сè или ништо.

Изненадувачки сезонава имаат два порази од Отава и ова е последен четврти меѓусебен дуел меѓу нив, а Сенаторите водат со 2:1.

Домаќините играат само за престиж и за својот рејтинг бидејќи немаат шанси да играат за титулата во доигрувањето. Имаат дури 19 бода помалку од екипите што се моментно во Топ-8, што е тешко достижна негатива во последната етапа од регуларниот дел.

Бафало има три победи во низа и типуваме дека и четвртата е на ред.

Предлог тип: 2 (2.45)

 

Сент Луис блус – Њу Џерси девилс (НХЛ, 02 часот)

Шампионот е во голема криза и нанижа пет порази по ред, а дополнително го потресоа шокантните сцени со Џеј Бумистер, кој претрпе срцев удар на дуелот против Анахејм дакс пред неколку дена.

Повреден е и еден од клучните хокеари Владимир Тарасенко, па шампионите преживуваат тешки моменти. Сент Луис имаше голема бодовна предност пред ривалите во Западната конференција, но таа се стопи, па жестока ќе биде битката за врвот.

Сепак, Сент Луис има одличен ростер и очекуваме да се врати во игра, а голема шанса за да се прекине серијата порази е мечот со Њу Џерси.

Ѓаволите се третата насјлаба екипа во Источната конференција и немаат шанси за настап во плејофот, па играат релаксирани, без преголем императив.

Ова ќе биде првиот од двата планирани меѓусебни дуели на Блус и Девилс сезонава, а ние типуваме дека почетокот ќе биде со победа на актуелниот првак во НХЛ-лигата.

Предлог тип: 1 (1.60)

 

Винипег џетс – Лос Анџелес кингс (НХЛ, 02.30 часот)

Ова е последна шанса за Џетс да го победат тимот од Лос Анџелес сезонава, а преходните два дуели им припаднаа на Кингс со минимална разлика.

Кралевите од Ел-Еј се една од најдобрите екипи во втората декада од овој милениум и освоија две титули, единствени што ги имаат во колекцијата. Но, сега приказната е поинаква, па шампионскиот состав е само бледа сенка од екипата што го освојуваше пехарот во Стенли купот во 2012 и 2014 година.

Имаат само 47 бода и се последни во Западната конференција, што е неочекувано лош резултат за нив.

Винипег е на десеттото место со 65 бода и мора да победуваат ако сакаат да стигнат до една од посакуваните 8 позиции за настап во плејофот. Имаат шестмина повредени хокеари, што е голем хендикеп за нив, но немаат поинаков избор од атак на бодовите против екипа што е многу незгодна за нив, но и нема шанси за плејоф.

Предлог тип: 1 (1.95)

 

- Оглас -

Најнови вести