Баерн Минхен е неверојатно моќен тим и може да направи пресврт дури и ако има три гола негатива по првото полувреме. Мајнц изненадувачки имаше водство од 3-0 со головите на Кор, Небел и на Бекер, но во вториот дел тимот на Венсан Компани постигна четири гола и стигна до победа.
Џексон, Олисе, Мусијала и Хари Кејн беа стрелци на головите за Баерн Минхен.
Баер Леверкузен славеше со 1-2 на гостувањето кај Келн, со двата гола на Патрик Шик, а Хајденхајм ги победи Сент Паули со 2-0. Аугсбург и Ајнтрахт Франкфурт одиграа 1-1.

