Рома има зицер за добар старт во нокаут-фазата

Спортинг – Башакшехир (Лига на Европа, 18.55 часот)

Башакшехир доаѓа на „Алваладе“ во Лисабон охрабрен по големата победа во турското дерби против Бешикташ, но и со серија без гостински триумф од декември лани.

Турскиот состав бие битка за титулата во домашното првенство и моментно е на второто место, само со еден бод зад лидерот Трабзонспор. Во кусата историја на тимот формиран во 1990 година, двапати беа вицешампиони на Турција, во сезоната 2016/17 и лани, па сега ќе се обидат со трета среќа да ја приграбат првата шампионска круна.

Тоа е приоритет за тимот од Истанбул, па се чини дека настапот во Лигата на Европа им е во втор план. Спортинг, за кој ќе настапи Стефан Ристовски, нема шанси за настап во Лигата на шампионите следната година бидејќи заостанува многу зад Бенфика и Порто, па може комплетно да се насочи кон настапите во Лигата на Европа.

Башакшехир прими гол на последните пет гостувања, Спортинг игра офанзивно, па ќе типуваме дека и двете екипи ќе дадат гол(ови).

Предлог тип: ГГ (1.86)

 

Ајнтрахт Франкфурт – Салцбург (Лига на Европа, 18.55 часот)

Салцбург одигра солидно во тешка група со Ливерпул, Наполи и Генк во Лигата на шампионите, но не успеа да приреди подвиг и да оди понатаму, па со освоено трето место се пресели во Лигата на Европа. Натпреварување во кое пред две сезони за малку ќе играа и финале, но беа елиминирани од Марсеј со гол во последните моменти од второто продолжение.

Салцбург продаде неколку играчи во зимскиот преоден рок, од позначајните имиња си заминаа сензационалниот Халанд и Минамино, па Ред Бул го нема истиот состав што беше хит во Европа во последните неколку години.

Австријците беа финалисти во УЕФА купот во 1994 година, но тогаш како Австрија Салцбург и ги загубија двата меча за титулата од Интер со по 1:0.

Ајнтрахт има едно финале во КЕШ и го загуби од Реал Мадрид во 1960 година, но се запишан како победник во УЕФА купот, или како што сега сее нарекува Лига на Европа, со титулата што ја освоија во 1980 година против Борусија Менхенгладбах во финален двомеч.

Двете екипи ќе бараат рехабилитација по незгодните порази на домашната сцена од Борусија Дортмунд и од ЛАСК, па ќе типуваме на голови.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.74)

 

Клуж – Севилја (Лига на Европа, 18.55 часот)

Двете екипи имаа сосема различен пат до нокаут-фазата во Лигата на Европа, а Романците го минаа потешкиот пат. Клуж блескаше во дуелите со Селтик, Лацио и Рен во една од најтешките групи и со 12 бодови беше втор, а ги остави зад себе фаворизираните Лацио и Рен.

Севилја играше во една од полесните групи и можеше да заврши како лидер со максимален број бодови, но во последниот меч загуби од АПОЕЛ во Никозија. Сепак, шпанскиот тим беше неприкосновен во конкуренција уште и со Карабах и Дуделанж и лесно се најде во нокаут-фазата во ЛЕ.

И вечерва се фаворити против Клуж, но ќе мора да внимаваат бидејќи Романците ги добија сите три домашни дуели во фазата по групи на „Константин Радулеску“ во Напока.

Очекуваме тврд меч со предност за Севилја.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.55)

 

АЗ Алкмар – ЛАСК (Лига на Европа, 21 часот)

Во Алкмар ќе има дуел на две екипи што имаат ултраофанзивен стил на игра и дваат и примаат многу голови. ЛАСК доаѓа во Холандија како лидер во австриското првенство по големата победа против Салцбург од 3:2. Клубот од Линц играше одлично и во фазата по групи и веќе елиминираше еден холандски тим, ПСВ Ајндховен.

Сега ќе се обидат да го изненадат и АЗ Алкмар, кој има подобро европско педигре, но и два порази по ред на стартот од пролетниот дел на сезоната.

Боаду, Стенгс, Идризи и уште неколку фудбалери на Алкмар се многу интересни за големите европски клубови, но ќе почекаат за трансфер барем до лето. АЗ има шанси и за титулата во Холандија, иако заостанува со шест бода зад Ајакс, но нема да ја заборави и Лигата на Европа.

Во концепт на две офанзивно ориентирани екипи нашиот предлог-тип е да се одигра на голови.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.02)

 

Рома – Гент (Лига на Европа, 21 часот)

Гент изненадувачки лесно се проби до шеснаестина-финалето во Лигата на Европа и го освои првото место во групата, а Рома биеше битка до последното коло и сепак успеа да ги остави зад себе Борусија Менхегладбах и Волсфбергер, како второпласирана екипа зад Башакшехир.

Римската волчица е фаворит против белгискиот тим, но во Лигата на Европа често има изненадувања. Рома ги има старите веќе добропознати проблеми со повредите на Заниоло, Запакоста, Миранте, Пасторе… кои се долго време отсутни.

Кај Гент проблематичен е настапот на еден од најдбрите стрелци во тимот Лорен Депоитре, а нема да игра Јаремчук, па се чини дека домаќините не би требало да имаат проблем да победат.

Предлог тип: 1 (1.60) Супер тип на Sport Life

 

Во стандардната дневна понуда на Sport Life можете да ги одиграте следните три натпревари со уникатни коефициенти:

Бриж – Манчестер јунајтед Х2&2+ (1.95)

Копенхаген – Селтик ГГ прво/второ (2.70)

Олимпијакос – Арсенал Т2 2-4 гола (2.35)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести