Баерн и Борусија знаат да победуваат и без Левандовски и Халанд

Борусија Дортмунд – Фрајбург (15.30 часот)

Најавено е дека е можно Ерлинг Бро Халанд да не игра денеска против Фрајбург и би било штета големиот норвешки талент да отсуствува кога е во топ-форма.

Сепак Борусија има квалитетен ростер, пред се од млади играчи и може да го надомести неговото отсуство.

Милионерите ќе мислат и на реваншот со ПСЖ во Лигата на шампионите, но бијат битка и за титулата во Бундеслигата, па опуштање не смее да има.

Фрајбург преклани со реми 2:2 на „Вестфален“ ја прекина серијата од 7 порази по ред на гостувањата во Дортмунд, ќе игра релаксирано против Борусија, но според мене нема шанси да избегне пораз во ефикасен меч.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.83)

 

Аугсбург – Борусија Менхенгладбах (15.30 часот)

Двете екипи играат отворен и убав фудбал за гледање, па тука очекувам многу голови. Аугсбург на домашен терен е меѓу петте најефикасни екипи со 22 постигнати голови. Знаат често и да примаат голови, пред се поради офанзивниот стил на игра, што може да го искористи опасниот гостин од Менхенгладбах.

Борусија пријатно изненади со многу квалитетни настапи сезонава и се уште се држи добро во трката за титулата. Според многу параметри се фаворити за победа на „ВВК арена“ во Аугсбург, а домаќинот има и многу проблеми со повреди на играчите.

Сепак поради напаѓачкиот стил на игра на двете екипи посигурна варијанта според мене е да се одигра на голови.

Предлог тип: 4+ (2.55)

 

Хофенхајм – Баерн Минхен (15.30 часот)

Претставата што Баерн ја прикажа на „Стемфорд Бриџ“ не може да ве остави рамнодушен и само уште еднаш ја потврди моќта на овој состав на Баварците.

Повторно имаат тим за големи дела, иако имаа и голем пех да им се повреди опасниот стрелец Роберт Левандовски. Без него на Баерн ќе му биде нешто потешко да слави против Хофенхајм, но според мене имаат квалитет да прегрмат едно многу незгодно гостување.

Двете екипи одиграа одличен меч во купот на Германија на почетокот на овој месец и по многу возбудувања и со пресврт Баерн победи со 4:3.

Сега Хофенхајм ќе се обиде да ја искористи шансата и заморот на гостите и пред се отсуството на Левандовски, но не верувам дека ќе успеат да го изненадат шампионот.

Предлог тип: 2-2&3+ (2.35)

 

Мајнц – Падерборн (15.30 часот)

Мајнц нема пораз од Падерборн, ниту во Бундеслигата, ниту во Цвајта, а очекувам тој тренд да продолжи и денеска. Ова ќе биде меч со голем влог и бодовите значат многу во битката за опстанок.

Мајнц според мене има подобар состав и неколку солидни напаѓачи што можат барем двапати да ја затресат мрежата на Падерборн.

Интересно е што двете екипи имаат освоено повеќе бодови како гости сезонава, но Мајнц нема да дозволи изненадување на свој терен во многу значаен меч за двете екипи. Очекувам победа на домаќините, но посигурна варијанта е најмалку двапати да се тресе мрежата на Падерборн.

Предлог тип: Т1 2+ (1.52)

 

Келн – Шалке 04 (18.30 часот)

Келн приреди вистинско чудо и шоу во Берлин во минатото коло со победа од 5:0 против Херта. Ќе се обидат да го искористат моментот и добрата атмосфера во тимот за подвиг и против Шалке 04.

Сепак очекувам да играат попретпазливо, бидејќи се во ситуација каде секој бод им е значаен за да побегнат што подалеку од опасната зона.

Новиот тренер Маркус Гисдол го освежи тимот, кој сега игра многу подобро од поголемиот дел од есенската етапа од сезоната.

И Шалке ќе игра со помирно темпо по пет меча без победа, серија во која тимот од Гелзенкирхен двапати се изгоре со порази од по 0:5 од Баерн и во минатото коло од Лајпциг.

Очигледна е кризата кај гостите, но Давид Вагнер е добар тренер и очекувам Шалке 04 да не загуби. Некако ремито ми е најреален исход на мечот во Келн.

Предлог тип: Х (3.40)

 

- Оглас -

Најнови вести