Вилбекин и Калојаро го урнаа лидерот во Евролигата

Скоти Вилбекин беше незадржлив за лидерот Анадолу Ефес и со 21 поен го предводеше Макаби Тел Авив до победа од 77:75 против лидерот во Евролигата.

Макаби имаше негатива од 65:71 на неполни три минути до крајот на дербито од 27-мото коло, но успеа со серија поени да направи пресврт и да победи.

Американскиот бек постигна 21 поен, беше најефикасен на дербито, а со две прецизни слободни фрлања на 10 секунди до крај му донесе на Макаби исклучително значајна победа.
Пресвртот го иницираше Анџело Калојаро со две тројки во финишот, а гостите не успеаја да погодат тројка за победа во последните моменти.
Се обиде Шејн Ларкин со удар од далечина, па го промаши обрачот за голема радост на домашните навивачи.
Ефес остана на првото место со 23 победи и 4 порази, а Макаби е на четвртата позиција со биланс 19-8.
Барселона успеа на гостински терен да ја победи Алба со 84:80.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести