За 8 Март може да има изненадување и за сите оние кои играат Спортска прогноза

Откако во своите редови ги доведе Бруно Фернандеш и Игало, Манчестер јунајтед нема ниту еден пораз. Овој факт треба да биде само како внимание за сите играчи на Спортска прогноза кои ќе типуваат во ова коло, каде што на програмата е градското дерби против Сити.

Во досегашните пронози, повеќе од 50 отсто веруваат дека Сити сепак е поквалитетен тим и дека ќе слави на „Олд Трафорд“, додека ни една четвртина од играчите на оваа игра не веруваат дека Црвените ѓаволи може да ги израдуваат своите фанови.

Добро размислете и на преостанатите 12 парови и составете прогнози кои ќе ве одведат до „Среќна 13-ка“ и освојување на мобилниот телефон Iphone XS, кој се добива со перфектни прогнози. Дури и да имате една или две промашени, ќе добиете подароци, а тоа се вредносни ваучери од Sport Life од по 1.000 и 500 денари.

Едноставно, Спортска прогноза е игра во која бесплатно може само да бидете пријатно изненадени, а нема што да загубите. Не чекајте и прогнозирајте, остана уште малку време.

- Оглас -

Најнови вести