ПСЖ го „преживеа“ Минхен, и ќе ја брани европската круна против Арсенал (Видео)

Актуелниот европски првак Пари Сен Жермен ќе ја брани европската круна откако се пласира во ново финале од елитното европско натпреварување. Тимот на Луис Енрике ремизираше против Баерн Минхен на „Алијанц Арена“ играјќи 1-1, и со вкупни 6-5 патува за Будимпешта на мегдан со Арсенал.

Ова беше сосема поинаков меч од првиот дуел во Париз. Иако погодок падна во третата минута, кога Осман Дембеле погоди за водство на ПСЖ, немаше ревија од голови како на првата пресметка.

Луис Енрике подготви одлична одбранбена тактика за Луис Дијас и за Мајкл Олисе, па Баерн не можеше да пробие лесно по страничните позиции. Сафонов беше одличен на голот, а централниот дел од одбраната ги одби речиси сите напади.

Баварците бара пенал по играта со рака на Жоао Невеш во својот шеснаесетник, но не беше досуден. Притискаа од сите страни, но безуспешно.

Хари Кејн успеада израмни во 94-тата минута, но тоа беше предоцна, затоа што на Баерн Минхен му беше потребен уште еден погодок.

- Оглас -

Најнови вести