Конте заминува од Наполи?

Ситуацијата во Наполи влегува во чувствителна фаза, откако тренерот Антонио Конте подготвува клучен разговор со претседателот Аурелио Де Лаурентис, пренесува „Ил Матино“.

Иако формално сè уште нема конечна одлука, сè појасно е дека иднината на Конте во Неапол ќе зависи од исходот на овој состанок. Италијанскиот стратег е подготвен да си замине по крајот на сезоната доколку не добие целосна слобода во водењето на спортско-техничкиот сектор, услов од кој не отстапува, и покрај тоа што преферира да остане на клупата.

Во меѓувреме, притисокот расте и од трибините. Дел од навивачите веќе јавно побараа негова оставка, што дополнително ја усложнува атмосферата околу клубот.

Раководството, пак, размислува во насока на реконструкција на тимот. Планот вклучува значајни промени во составот, но и повисоки амбиции – не само пласман во Лигата на шампионите, туку и исчекор во нокаут-фазата.

Конте го презеде Наполи во 2024 година и успеа да го одржи тимот во врвот на Серија А. На три кола до крајот, Наполитанците се втори со 70 бодови, пред директните конкуренти Милан (67), Јувентус (65) и Рома (64), што само ја нагласува тежината на одлуките што претстојат.

- Оглас -

Најнови вести