Без публика, но со голови ќе играат Саусоло и Бреша

Зенит – Уфа (Премиер лига, Русија 17 часот)

Лидерот во Русија никогаш не претрпел пораз од Уфа, а имаат одиграно 12 меѓусебни натпревари во различни конкуренции.

На Зенит му се насмевнува и тринаесетката против тим што ќе се обиде со цврста одбрана да освои бод на „Крестовски“, или како што е официјално на „Газпром арената“ во Санкт Петербург.

Зенит играше тежок меч во Грозни против Ахмат во Рускиот куп и по големата битка во 120 минути, успеа да се пласира во полуфиналето.

Тимот од Санкт Петербург има широк и квалитетен ростер, но ќе мора да внимаваат бидејќи Уфа предводена од одличниот стратег Вадим Евсеев воопшто не е наивна екипа.

Ќе типуваме дека Уфа ќе успее да издржи без негатива во првото полувреме, но потоа Зенит ќе слави победа во меч со 2-4 гола.

Предлог тип: Х-1&2-4 (6.80)

 

Сасуоло – Бреша (Серија А, Италија 18.30 часот)

Бреша е во неверојатно лоша серија од 10 меча без победа во Серија А и е во незавидна ситуација на последното место во Калчото само со 16 бода.

Лошо за Бреша е што и против Саусоло не ѝ оди добро и нема триумф на последните пет меѓусебни дуели. Интересен е податокот дека Бреша има освоено повеќе бодови како гостин сезонава отколку на домашен терен, што може да биде поттик во обидот да се изненади Сасуоло.

Мечот ќе се игра без публика, а бодовите им се неопдходни и на двете екипи за да се избегнат или да се намалат грижите за опстанок.

Предлог тип: ГГ (1.68)

 

Газ Метан – Клуж (Лига 1, Романија, 19.30 часот) 

Шампионот Клуж тргна со победа во плејофот и е прв фаворит за титулата во дуелите на шесте најдобри екипи во Романија.

Газ Метан загуби во првото коло и е на последното место со најмали шанси за пехарот. Иако не може да им се одземе надежта за подвиг, сепак се чини дека тие се најслабата екипа во одбраното друштво.

Клуж има одличен тренер во Дан Петреску, легендата на романскиот фудбал, и многу добар тим со познати фудбалски имиња. Имаат одлична комбинација на искусни фудбалери од калибарот на Рондон, Деак, Омрани, Цукудеан… со екстра-таленти, каков што е и Кристијан Манеа.

Гостите се подобри, имаат одлична сезона и ќе победат.

Предлог тип: 2 (1.75)

 

Штутгарт – Арминија Билефелд (Втора лига Германија, 20.30 часот)

Дербито на 25-тото коло во популарната Цвајта ќе се игра денеска, понеделнички, иако навивачите ширум Германија протестираат и не сакаат да се играат натпревари во првиот ден од неделата.

Арминија има комотна предност од шест бода пред Хамбургер и Штутгарт како лидер на табелата и е најсериозен кандидат за промоција во Бундеслигаш.

Уве Нојхаус успеа да создаде екипа за респект, што не е поразена на последните шест меча, а досега даде најмногу голови, 49, и прими најмалку од сите 18 учесници во Лигата, точно 23.

Блеска ветеранот Фабијан Клос, кој ја игра осмата сезона во Арминија, а мометно е прв стрелец во Лигата со 16 голови. Штутгарт има позвучна екипа со познати имиња од калибарот на Марио Гомес, Бадштубер, Гонзало Кастро, Даниел Дидави… кои имаат оставено впечатлив траг и во Бундеслигата.

За Штутгарт игра и нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов, најавен е како резерва, а можно е да добие одредена минутажа во дербито на колото.

Предлог тип: ГГ (1.65)

 

 

Лестер – Астон вила (Премиер лига, Англија, 21 часот)

Главните конкуренти на Лестер за позициите што водат во Лигата на шампионите победија, па сега и на Лисиците е ред да слават против екипа што е кандидат за испаѓање.

Лестер може повторно да ја врати предноста од пет бода пред четвртопласираниот Челзи и да му се закани на второпласираниот Манчестер сити и да му дојде само на 4 бода.

На Астон вила ѝ се потребни бодови за да побегне од претпоследната позиција, а не играат лошо во меѓусебните дуели со Лестер.

Гостите имаат голема мака со дефанзивата и се тимот со најмногу примени голови, 52, заедно со фенерџијата Норвич. Лестер има добри напаѓачи и ако игра Варди, ќе бидат многу блиску до триумф.

Предлог тип: 1 (1.47)

 

 

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести