Борусија со букет од голови ќе го испрати Падерборн во Втора Лига

Борусија Менхенгладбах – Унион Берлин (Бундеслига, 15.30 часот)

Борусија ќе сака да се реваншира за поразот во првиот дел на првенството, кога во Копеник загуби со 0:2 од новиот Бундеслигаш.

Тимот од Менхенгладбах има шанси за пробив до позициите што водат во Лигата на шампионите, но за реализација им требаат победи, особено со ривали од калибарот на гостите од Берлин.

Стоперот Тони Јаншке ќе биде новиот играч што ќе се приклучи на листата отсутни, а нема да игра против Унион поради жолти картони. Подолг период не играат Емболо, Штробл, Џонсон и Закарија, но Борусија и без нив е фаворит против гостите.

Унион Берлин игра лошо во продолжението на сезоната и на три меча нема победа, па стаса блиску до опасната зона. Еден бод во Менхенгладбах за нив би бил голем како куќа, но тешко ќе биде да се изненади екипа што има европски амбиции.

Предлог тип: 1-1 (2.28)

 

Карл Цајз Јена – Чемницер (Трета лига Германија, 17 часот)

Интересен е случајот со Карл Цајз Јена, некогашниот познат клуб од Источна Германија. Тие воопшто и не сакаа да продолжи првенството во Третата германска лига, бидејќи секако се испаднати. Деновите на успеси кога беа трикратни шампиони на ДДР и финалисти во Купот на победници на купови е оддамна минато за Јена, па сега им останува само ревијално да го доиграат шампионатот пред сигурната преселба во понизок ранг.

Чемницер за разлика од нив има императив да ги освои бодовите на „Ернст Абе Шпортфелд“ за да побегне од опасната зона.

Гостите ќе бидат екстра-мотивирани против тим што е во тотален хаос и ќе типуваме дека ќе ги освои бодовите во ефикасен меч.

Предлог тип: 2&3+ (1.87)

 

Падерборн – Борусија Дортмунд (Бундеслига, 18 часот)

Се уште се памети неверојатниот меч игран лани во ноември кога Падерборн за едно полувреме најави потоп на фаворитот, но потоа се спасуваше од пораз, иако водеше со 3:0. Тој кикс и ремито 3:3 може многу да ја чини Борусија Дортмунд на крајот кога ќе се сведуваат сметките од сезоната 2019/20 во Бундеслигата.

Денеска Милионерите немаат право на нова грешка, што би ги довела во ситуација да стравуваат и за настап во Лигата на шампионите. Ќе бидат ослабени без норвешкото чудо Ерлинг Халанд, а нема да игра и Махмуд Дахуд, што е хендикеп за гостите.

Кај Падерборн кој игра солидно и нанижа три нерешени во продолжението на Бундеслигата отсутен ќе биде дефанзивецот Ѓасула. Домаќините се на прагот на враќање во Втората лига, па можат да играат без посебен императив, што ветува реприза од првиот меч кога имаше шест гола.

Предлог тип: 2&4+ (2.60)

 

Риека – Осиек (Хрватски куп, 20.15)

Риека и Осиек ќе ја имаат премиерата по два и пол месеци пауза и мечот е нокаут за пласман во финалето на хрватскиот куп.

Шансата и за трофејот е голема, бидејќи победникот ќе игра во финалето против Локомотива Загреб. Риека има предност, ќе игра на свој терен, иако без поддршка од навивачите, а на „Руевица“ немаат пораз од Осиек на последните пет меѓусебни дуели.

Мечевите во последно време им се скромни со голови, а и сега се чини дека поради огромниот влог и пласман во финале и двете екипи ќе бидат попретпазливи. Секој гол во вакви натпревафри вреди двојно, па ќе типуваме победа на Риека во меч со малку голови.

Предлог тип: 1&0-3 гола (2.55)

 

Пушкаш Академија – Ференцварош (Унгарија, 21.05)

Ференцварош е две рунди понапред од противниците во Унгарија, бидејќи веќе ги одигра двата заостанати дуели во мај и успеа да освои максимален плен. Популарниот Фради е на чекор на подобрување на унгарскиот рекорд и речиси сигурно ќе ја освои 31. титула.

Академијата на Пушкаш им е незгоден ривал во последно време и на последните три меча нема пораз од унгарскиот гигант, но ова е погоден момент за Ференцварош да ја прекине серијата без победа.

Избраниците на Сергеј Ребров се во одличен ритам, а победата им значи и титула, па очекуваме гостите да слават на „Панчо арена“ во Фелчут.

Предлог тип: 2 (2.00)

 

Во дневната понуда на Sport Life со специјални коефициенти можете да одиграте:

Борусија Менхенгладбах – Унион Берлин

Предлог тип: 1&2-5 (2.05)

Шахтар – Динамо Киев

Предлог тип: Т12+&ГГ (3.05)

Падерборн – Борусија Дортмунд

Предлог тип: 2&2-4 (2.30)

 

- Оглас -

Најнови вести