Комо успешно ја прескокна и Џенова

Фудбалерите на Комо славеа на гостувањето кај Џенова со 0-2 во 34-тото коло од Серија А.


Комо денес не беше премногу доминантен, но успеа да ги искористи своите шанси и целосно да ги неутрализира нападите на домаќинот.


Веќе во десеттата минута гостите поведоа, кога Довикас погоди со глава по одличната асистенција на Да Куња за 0-1.


Тоа беше резултатот што остана на сила до средината на второто полувреме, а во 68-та минута Диало се најде на вистинското место и со удар со глава ја удвои предноста на гостите.


Џенова во финишот имаше блага иницијатива, но упати само еден удар во рамките на голот, што не беше доволно за тимот на Даниеле Де Роси да избегне пораз.


Со оваа победа, Комо ја задржа петтата позиција на табелата со 61 бод, колку што има и Рома, а два помалку од Јувентус, кој вечерва игра дерби против Милан.

- Оглас -

Најнови вести