Штутгарт и Вердер одиграa 1-1 во еден од поинтересните натпревари од 31-то коло на Бундеслигата, во дуел во кој двата тима влегоа со сосема различни цели.
Победата на Хофенхајм претходниот ден и борбата на Вердер за бодови во трката за опстанок му дадоа дополнителен мотив на Штутгарт да се врати на позициите што водат во Лигата на шампионите.
И покрај тоа што Вердер оваа сезона има променливи резултати на гостински терен, нивните претходни успеси во Штутгарт беа јасно предупредување за домаќинот, кој неодамна обезбеди пласман во финалето на Купот на Германија.
Гостите започнаа поангажирано и веќе во шестата минута имаа сериозна шанса преку Сене Линен, кој не успеа да реализира.
Како што течеше натпреварот, Штутгарт ја преземаше иницијативата, но Вердер прв дојде до водство. Во 18-тата минута Јенс Стаге прецизно погоди по комбинација со Сугавара и донесе 0-1.
Домаќините брзо возвратија со притисок. Во 22-та минута Ел Канус се закани со удар со глава, но голманот на Вердер одлично интервенираше. Неколку минути подоцна, Мителштат се обиде од слободен удар, но повторно без успех.
Вердер возврати преку Суагвара, но голманот на Штутгарт беше сигурен, додека во 41-та минута Јован Милошевиќ создаде одлична шанса, но не успеа да погоди.
До крајот на полувремето, Дениз Ундав пропушти можност за израмнување, па Вердер замина на пауза со предност.
Во вториот дел, Штутгарт ја зголеми контролата врз играта и во 61-та минута стигна до израмнување кога Ермедин Демировиќ со одличен скок по центаршут на Ел Канус ја затресе мрежата за 1-1.
Во 71-та минута Стаге имаше голема шанса повторно да го доведе Вердер во водство, но не беше прецизен.
До крајот резултатот не се промени. Штутгарт, благодарение на подобрата гол-разлика во однос на Хофенхајм, се врати во топ 4, а веќе обезбедениот пласман во финалето на Купот на Германија му носи и настап во Лигата на Европа.
Вердер, пак, со овој бод направи голем чекор кон обезбедување опстанок во елитата.

