Бенфика има подарок од Порто, данокот ќе го плати Тондела

Витковице – Брно (Чешка, Втора лига 17 часот)

Поранешниот првак на Чехословачка, екипата на Брно втора година по ред е второлигаш, откако претходно во 25 сезони дури 24 пати играше во најсилната Чешка лига.

Амбициите на популарната Збројовка се да се врати во највисок ранг на натпревари, а патот кон успехот е да се победуваат послабите екипи од рангот на фенерџијата Витковице.

Интересно е што и домаќините еднаш успеаја да ја освојат титулата во поранешната држава, но потоа минаа и низ тешки моменти. Поради беспарица, административно беа преселени во понизок ранг, па потоа се вратија во Втората лига, но како што стојат работите, повторно ќе мораат во понизок ранг.

Витковице има само 10 бода на последното место, дури 28 помалку од Брно, а и квалитетот што го имаат во екипата не може да се мери со тој на гостите. Брно е голем фаворит и ќе победи.

Предлог тип: 2&2-4 гола (2.07)

 

Дукла Прага – Вишеград (Чешка Втора лига 18 часот)

Дукла лани го прекина осумгодишниот престој во Првата Чешка лига и испадна, но пражани сакаат експресен камбек. Можат само преку евентуален бараж во повисок ранг, бидејќи Пардубице има голема предност на првата позиција и е речиси сигурен прволигаш за идната сезона.

Разликата од второпласираниот Брно и шестата Дукла е само три бода, а трката е за втората и третата позиција што гарантираат доигрување за пласман во Првата лига.

Вишеград е спокоен на 12-тото место со 10 бода над зоната за испаѓање, па гостите можат да играат порелаксирано. Дукла не смее да киксне бидејќи конкуренцијата за двете позиции за бараж е голема.

Досега двете екипи играле само двапати и Дукла победуваше со 3:1 и 3:0. И денеска се фаворити, но коефициентот за „кец“ е мал, па ќе се обидеме да типуваме на голови.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.66)

 

Маритимо – Сетубал (Португалија, 19 часот)

За Маритимо паузата поради пандемијата со корона-вирусот некако испадна и добра откако со три порази по ред пред прекинот на првенството паднаа блиску до опасната зона за испаѓање. Имаат 24 бода и ги чека неизвесна битка за опстанок.

Во септември Маритимо ќе слави 110 години од постоењето и сигурно се надеваат дека јубилејот ќе го прослават како прволигаши.

Сетубал е во покомотна позиција со 28 бода, но ќе мораат да ја сопрат серијата од шест меча без победа ако сакаат да не стравуваат за опстанок. Гостите се екипата со најмногу нерешени мечеви во првенството, имаат точно 10 ремија и играат црвсто. Нападот им е најнеефикасен во Лигата, па дуелот со Маритимо „мириса“ на реми со малку голови.

Предлог тип: Х2&0-3 гола (1.98)

 

Бенфика – Тондела (Португалија, 20.15 часот)

Бенфика веднаш на рестартот од првенството има шанса да го смени Порто на врвот откако големиот конкурент вчера загуби од Фамаликао.

Во последните 10 кола ќе се бие голема битка за титулата меѓу двете најтрофејни екипи во земјата, а со триумф против Тондела, Орлите пак ќе имаат контрола на ситуацијата со два бода повеќе од Порто.

Бенфика ја искористи паузата за да се вратат во погон неколку повредени играчи. Тондела е апсолутен аутсајдер, има само една победа на последните 10 меча и типуваме на сигурен триумф на фаворитот.

Предлог тип: 1 Сигурна (1.71)

 

Гимараиш – Спортинг (Португалија, 22 часот)

И двете екипи имаа неуспешни авантури во Лигата на Европа, а и сега се во позиција да се надеваат на ново учество во второто по квалитет континентално натпреварување.

Стефан Ристовски и соиграчите се поблиску до целта од ривалот, но не смеат да го потценат незгодниот тим на Гимараиш.

Ова може да биде и клучниот меч за двете екипи за да се остварат европските амбиции. Спортинг со победа ќе ја задржи сигурната дистанца од 4-5 бода пред конкурентите и ќе го остави денешниот противник со минимални шанси за евронастап.

Проблем за Лавовите од Лисабон е повредата на Вендел, кој е стандарден првотимец во средниот ред, а можно е да не игра уште еден Бразилец, Фелипе.

Гимараиш има опасна контра, на која ќе мора да внимаваат особено дефанзивците на Спортинг, меѓу нив и Ристовски. Шансите за победа се изедначени, мечот е тежок за типување на конечен исход, а очекуваме дека малку полесно ќе се тресат мрежите и на Жезус кај Гимараиш и на Максимилијано, кој е прв голман на Спортинг.

Предлог тип: ГГ (1.90)

 

- Оглас -

Најнови вести