Головите во четврток се загревање за добар викенд

Интер Запрешиќ – Горица (Хрватска, 18.55 часот)

Ова е дуел на две екипи што не играат добро во последно време, но и се во сосема различна ситуација. Интер има шест порази по ред и не победил на седмутте последни дуели во ХНЛ, па бие тешка битка за опстанок.

Горица има само една победа на последните 9 натпревари, биланс што ја исфрли од конкуренција за настап во Европа. Гостите не можат да испаднат и не можат и многу да напредуваат на табелата, па ќе играат релаксирано до крајот на сезоната.

Интер мора да ја прекине црната серија ако сака да се надева на опстанок, што значи дека ќе мора да атакува на голот на Горица. Очекуваме домаќините да не загубат во меч со голови во двете мрежи.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.45)

 

Белененсеш – Гимараиш (Португалија, 20 часот)

Белененсеш продолжи каде што застана пред долгата пауза поради Ковид-19 и победи и на рестартот на португалското првенство за серија од пет меча без пораз. Иако има уште доста да се игра, се чини дека избраниците на Пети ги прегрмеа сите грижи околу опстанокот, па ќе можат да се надигруваат со Гимараиш.

Гостите имаат одлична сезона и сè уште се во конкуренција за настап во Лигата на Европа. Сезонава што е во тек играа во второто по квалитет натпреварување на Стариот Континент и завршија како последнопласирани во група со Арсенал, Ајнтрахт и Стандард Лиеж.

Гимараиш има подобар тим од Белененсеш, екипа која е во топ-форма и без примен гол на последните четири меча. Сепак, на последните два меѓусебни дуели со Гимараиш примија две петарди, па очекуваме да тргнат офанзивно по ново изненадување. Типуваме дека ќе има голови на меч во кој Гимараиш ќе освои најмалку еден бод.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.22)

 

Истра – Хајдук (Хрватска, 21.05 часот)

Истра лани одигра нерешено 1:1 со Хајдук на домашен терен и прекина една долга серија од 11 порази против хрватскиот гигант.

Истрани повторно се надеваат на изненадување, а за нив и бод ќе биде голем како куќа во битката за опстанок. Хајдук со многу маки на рестартот на сезоната го победи Интер со гол во 97-мата минута.

Популарните Били се во битка со Риека за второто место, кое води во Лигата на шампионите, но мора и да внимаваат да не паднат на петтата позиција, која ќе ги остави без европски настап. Локомотива Загреб има два бода помалку, а Осиек заостанува само за три бода, па кикс на Хајдук може скапо да чини. Типуваме двојка.

Предлог тип: 2 (1.58)

 

Севилја – Бетис (Шпанија, 22 часот)

Премиерата при камбекот на шпанското првенство речиси и да не можеше да биде подобра од дуел што високо котира на листата со градски дербија во Европа.

Популарното дерби Ел Гран носи многу жар, страст и е со огромен ривалитет, но овојпат, за жал, „Санчес Писхуан“ ќе биде празен.

И покрај протоколите да нема публика на стадионите во почетната фаза во Ла Лига, сепак во Севилја е живо пред големото градско дерби.

Симпатизерите на двата клуба славеа по улиците на Севилја во чест на враќањето на фудбалот, што најавува жешко дерби во малку поинакви услови.

Севилја бие битка за бодови кои ќе ја стават во трка за местата кои гарантираат настап во Лигата на шампионите, а Бетис ќе се обиде да фати еден од последните возови за евронастап.

Во последно време одиграа неколку фантастични мечеви со многу голови, а очекуваме сличен епилог и на 131-вото градско дерби на Севилја.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.10)

 

Тондела – Авеш (Португалија, 22.15 часот)

Тондела освои бод како планина на гостувањето кај Бенфика, што ќе биде голем поттик да ја прекинат серијата од шест меча без победа. За нив ова е витален меч во битката за опстанок и ако триумфираат, ќе му побегнат на Портимоненсе за девет бода и ќе го испратат Авеш во Втората лига.

Гостите исто така се во црна низа од шест меча без победа и се во исклучително лоша ситуација, па се чини дека патот во понизок ранг не може да се избегне. Имаат само 13 бода на последното место и им требаат чуда до крајот на првенството за спас.

И двете екипи имаат императив да ги освојат бодовите, ремито не им одговара, па очекуваме голови, со мала предност за домашниот тим.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.45)

 

Во стандардната дневна понуда на Sport Life со специјални коефициенти можете да ги одиграте следните три натпревари:

Истра – Хајдук

Предлог тип: Х2&3-6 (2.35)

Севилја – Бетис

Предлог тип: Т12+&ГГ (2.85)

Тондела – Авеш

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.75)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести