Милионерите го декласираа Фрајбург (Видео)

Борусија Дортмунд одигра убедлив натпревар и со 4-0 го совлада Фрајбург во последниот меч од 31-то коло во Бундеслигата, со што и официјално обезбеди пласман во Лигата на шампионите.


Иако уште минатото коло остана без шанси да го симне Баерн Минхен од врвот, тимот од Дортмунд влезе максимално мотивиран да ја задржи втората позиција и да стави крај на серијата од два порази.


Милионерите тргнаа силно и веќе во осмата минута поведоа преку Максимилијан Бајер, кој реализираше по одлична долга топка од Рами Бенсебаини. Само шест минути подоцна, Серу Гираси зголеми на 2-0 по асистенција на Јулијан Брант.


Фрајбург се обиде да возврати, но обидите беа без конкретна реализација. Во 31-та минута домаќинот веќе имаше високи 3-0, кога Бенсебаини со глава погоди по корнер изведен од Јулијан Риерсон.


Гостите имаа неколку шанси, но голманот Грегор Кобел беше сигурен на голот на Дортмунд и не дозволи изненадување.


Во второто полувреме Фрајбург постигна гол преку Кублер, но тој беше поништен поради офсајд. Борусија продолжи да создава шанси, а конечните 4-0 ги постави Фабио Силва во 87-та минута.

- Оглас -

Најнови вести