Галатасарај направи огромен чекор кон освојување на четвртата последовна шампионска титула, откако во дербито на Истанбул го совлада Фенербахче со убедливи 3-0.
Со оваа победа, Галата уште повеќе ја зацврсти лидерската позиција и сега има сериозна предност во однос на најголемиот ривал, на само неколку кола до крајот на сезоната.
Натпреварот можеше да тргне во поинаков правец, откако Талиска промаши пенал во 14-тата минута, што внесе дополнителна нервоза кај гостите.
Галатасарај го искористи моментот и во 40-тата минута дојде до водство преку Виктор Осимен.
Во второто полувреме домаќините ја потврдија доминацијата. Лукас Тореира погоди, но неговиот гол беше поништен поради офсајд, а потоа Јилмаз реализираше пенал за 2-0.
Клучен момент беше и исклучувањето на голманот Едерсон, по што Фенербахче целосно падна во играта.
Во 83-тата минута Тореира сепак го запечати триумфот со погодок за конечни 3-0, по грешка на резервниот голман на гостите.
Со оваа победа, Галатасарај стигна до +7 во однос на Фенербахче и е многу блиску до математичка потврда на титулата, која може да ја обезбеди уште во следното коло.

