легендарниот аргентински фудбалер, Гонзало Игуаин сега изгледа целосно непрепознатливо. Еден од ајдобрите голгетери во 21 век, бил препознаен од еден фан, кога влегол во продавница за спортска опрема во Мајами.
Навивачот побарал да се фотографира со популарниот Пипита, а потоа таа фотографија стана вирална на социјалните мрежи.
Me he quedado loco con el estado actual de Gonzalo Higuaín pic.twitter.com/MECY0Eosl9
— Madrid Sports (@MadridSports_) May 2, 2026
Игуаин е роден во Франција, но родителите му се Аргентинци, а кариерата ја започнува во младинскиот тим на Ривел плата. Во 2007 година прави трансвер во Реал Мадрид каде играше до 2013 година. Потоа голгетерот ги носеше дресовите и на Наполи, Јувентус, Милан, Челзи и Интер Мајами каде ја заврши кариерата во 2022 година. Посебно се памти неговиот трансфер во 2016 година кога за тогашни неверојатни 90 милиони евра од Наполи се пресели во Јувентус.
Игуаин одигра и 75 натпревари за репрезентацијата на Аргентина, а постигна 31 голови.

