Досега никогаш немало ваква прослава на гол: Неверојатно е што извади фудбалерот од штуцната (Видео)

Фудбалерите на Интер од Торонто убедливо со 4:1 славеа против Атлетико Отава во меч од канадската Премиер лига, а во центарот на вниманието се најде Томаш Скублак. Тоа е фудбалерот кој го постигна првиот гол за водство од 1:0 во 50 минута.

Погодокот беше убав, но тоа н е е причина за Скублак, да се најде во фокусот. По постигнување на голот, фудбалерот на Интер од Торонто прослави на необичен начин. Од под штуцната (фудбалска чорапа), Скублак кој има и фирма за недвижнини, ја извади својата визит-картичка и покажа дека сите што имаат потреба од неговите услуги, веднаш да му се јават.

Со овој потег, Скублак си направи бесплатна реклама на најдобар можен начин, а многумина проценуваат дека сега неговата фирма за недвижнини ќе стане многу попопуларна.

Потегот кој му донесе одлична реклама, а е една од најнеобичните прослави на голови, може да го ВИДИТЕ ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести