Јувентус и Хајдук се сигурни „кецови“, Корона ќе загуби

Јувентус – Лече (21:45 ч.)

На Јувентус почнаа да му се вклопуваат коцките за уште една нова титула во Серија А. Старата дама уште во првото коло по враќањето на дуелите во Италија успеа да ја зголеми предноста пред ривалите, откако Лацио загуби, а Интер ремизираше, додека гигантот од Торино ги освои трите бода на гости кај Болоња.

Сега Јуве игра на свој терен, а Лече никако не е ривал од кој треба да се плаши. Фактот дека Јуве сезонава дома има 12 победи и само едно реми и во просек дава речиси по три гола е најава за лесна и сигурна победа на фаворитот.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.72)

 

Севилја – Валјадолид (22 ч.)

Севилја како да станува експерт за нерешени сезонава. Нареди три ремија во последните три кола и сега има вкупно 11 нерешени средби сезонава. И покрај тоа, Севилја е на посакуваната четврта позиција која води излез во Лигата на шампионите.

Валјадолид е речиси спасен, но дури и да сака да освојува бодови, тешко дека на ова гостување ќе може да се надева на такво нешто. Традицијата вели дека Севилја победи на последните четири средби со овој ривал, па сè освен три бода и вечерва ќе биде големо изненадување.

Предлог тип: 1-1 (2.12)

 

Хајдук – Славен Белупо (21 ч.)

Ќе биде дебакл за Хајдук ако извиси во трката за излез во Европа. Сплитскиот тим моментно заостанува во однос на Локомотива, Осијек и Ријека, па затоа треба да победи вечерва против Славен Белупо.

Хајдук на својот „Пољуд“ игра одлично и сезонава има дури 12 победи во 15 средби, додека Славен е вториот најслаб тим на гостински терен само со осум освоени бода од 15 меча.

Предлог тип: 1-1 (1.76)

 

Белененсеш – Спортинг (20:15 ч.)

Спортинг е тимот кој најдобро стартуваше по продолжување на сезоната во Португалија. Гигантот од Лисабон освои седум од можните девет бодови и сега е сè поблиску до излез во Лигата на Европа за новата сезона. Белененсеш е противник кој во последните седум меча со Спортинг има пет порази и само две нерешени, а интересно е што двапати во последните четири средби било 7+ (победи на Спортинг од 8:1 и 4:3).

Најреална варијанта на овој меч е победа на гостите во меч со повеќе погодоци.

Предлог тип: 2&3+ (3.05)

 

Заглебје – Корона (20:30 ч.)

Меч на кој домаќините со победа може да си обезбедат сигурен опстанок во елитната полска лига. Заглебје на свој терен сезонава игра одлично и има само три порази во 16 меча. Корона е тимот кој е „печен“ за испаѓање, а и кога игра на гости е многу нестабилен.

Во последните 10 меѓусебни средби на овие два тима секогаш било од 0-2 гола, што значи дека и сега не треба да очекуваме многу погодоци.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.88)

 

- Оглас -

Најнови вести