Баерн Минхен ги одбил понудите за трансфер од Реал Мадрид и од Манчестер сити за играчот од средниот ред Александар Павловиќ.
Германскиот шампион нема намера да се раздели со 21-годишниот фудбалер, кој се етаблираше како стандарден првотимец во составот на тренерот Венсан Компани.
Германскиот репрезентативец дебитираше во Бундеслигата за Баерн во октомври 2023 година, откако помина низ академијата на клубот, а неговиот договор е со важност до 30 јуни 2029 година.
Во сезоната 2025/26, Павловиќ има ефект од четири гола и една асистенција на 39 натпревари.
Неговата трансферна вредност во моментот изнесува околу 75 милиони евра.

