Овации за Митко Стојковски на стадионот „Рајко Митиќ“ (Видео)

Црвена ѕвезда го доби „вечното дерби“ против Партизан со убедливи 3-0 и со тоа и официјално ја осигура 37-та шампионска титула.

Натпреварот во Белград доби и дополнителна емоционална нота поради присуството на поранешниот македонски репрезентативец Митко Стојковски.

Пред стартот на дербито, некогашниот капитен Митко Стојковски излезе пред навивачите и беше пречекан со бурни овации, во атмосфера исполнета со силни емоции. Во тој момент од трибините се слушаше и песната „Ѓурѓевдан“, како симболична почит кон неговиот настап во јубилејното стото дерби, кога токму тој беше меѓу клучните актери со изнуден пенал и постигнат гол.

- Оглас -

Најнови вести