Виљареал победи, а ќари и Бетис

Виљареал ја искористи предноста на домашен терен и со 2-1 ја совлада Селта Виго во натпревар од 33. коло на Ла Лига.


Овој резултат најмногу му одговара на Бетис, кој со оваа победа на Виљареал се приближи уште еден чекор кон местата што водат во Лигата на шампионите, додека дополнителна добра вест за нив е и падот на градскиот ривал Севиља во зоната на испаѓање.


Натпреварот започна бурно, бидејќи уште во првите минути беше досуден пенал за Виљареал по прекршок над Молеиро. Одговорноста ја презеде Жерар Морено, кој сигурно реализираше за 1-0.


Домаќините не застанаа тука, па во 29-та минута Николас Пепе зголеми на 2-0 по добра акција и прецизен удар од земја, по асистенција на Педраса.


Во финишот Селта се врати во игра преку пенал кој го реализираше Борха Иглесијас, иако првиот обид беше одбранет, но ударот беше повторен поради влез на играч во шеснаесетникот.


Во завршницата гостите притискаа, но не успеаја да израмнат.


Со оваа победа, Виљареал ја зацврсти својата позиција, додека Селта остана без бодови во клучен момент од сезоната, што дополнително ја компликува борбата за излез во Европа.

- Оглас -

Најнови вести