Тежок удар за Минесота, остана без Ентони Едвардс

Ѕвездата на Минесота тимбервулвс, Ентони Едвардс, нема наскоро да се врати на теренот, откако повредата на коленото што ја заработи ноќеска против Денвер Нагетс бара повеќенеделна пауза.

Според информациите, Едвардс заработил модринка и истегнување на коленото, што не дава голем оптимизам во Минесота, иако лигаментите не се сериозно оштетени.

Повредата се случи во момент кога тој незгодно доскокна по дуел со играчот Џонсон, при што болното приземјување веднаш укажало дека станува збор за посериозен проблем.

Денешните прегледи покажале дека повредата е посериозна и не е исклучено Едвардс да ја заврши сезоната, иако е избегнат најлошиот можен исход.

Минесота моментално е на чекор до пласман во полуфиналето на Западната конференција, а првата можност за тоа ќе ја има во вторник наутро во Денвер.

- Оглас -

Најнови вести