Трајковски го чека Барди на гости за да го фати последниот воз за опстанок

Лидс – Стоук (Чемпионшип, Англија, 18 часот)

Лидс ја има првата меч топка за промоција во Премиер лигата и ако победи, повторно ќе се врати на врвот на табелата во Чемпионшип лигата и ќе ја задржи дистанцата од шест бода во однос на разиграниот Брентфорд.

Марсело Бјелса е искусен тренер и нема да му дозволи на Лидс да му се повтори ланската сезона, кога слабиот финиш ги чинеше место во елитата во Англија.

Лидс го декласира Стоук во првиот дел од сезоната со 3:0 на гостински терен, но сега се чини дека задачата ќе биде малку посложена. Финиш е на првенството, а бодовите му се неопходни и на гостинот, кој бие грчевита битка за опстанок.

Сепак, Езџан Алиоски и соиграчите се поквалитетни од играчите на Стоук и ќе типуваме чиста единица на „Еланд роуд“.

Предлог тип: 1 (1.63) Супер тип на Sport Life

 

Евертон – Саутемтпон (Премиер лига, Англија, 19 часот)

Евертон и Саутемптон по традиција во последно време играат меѓусебни натпревари со голови на двете страни. Овој меч и за двете екипи е ревијален бидејќи тешко можат да стигнат до позиции што водат во Лигата на Европа.

Последните шест меѓусебни дуели ги одиграа со популарните Гол-гол, а дури четири од нив завршија со победа на една од екипите со резултат 2:1.

Денеска ги има сите услови за меч без преголем товар за играчите и на Евертон и на Саутемптон и повторно очекуваме да се тресат мрежите и на Пикфорд и на Мекарти.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.20)

 

Верона – Интер (Серија А, Италија, 21.45 часот)

Интер вечерва ќе игра против својот омилен противник во Италија. Нераѕурите имаат страшна серија од 18 меча по ред без пораз од Верона.

Последен пат од денешниот ривал загубија во февруари 1992 година, или пред повеќе од 28 години. Тогаш Верона на „Марк Антонио Бентегоди“ славеше со 1:0 и оттогаш чека триумф против Интер.

Домаќините играат многу солидна сезона и имаат повеќе победи од порази на безбедната деветта позиција со 42 бода. Избраниците на Иван Јуриќ можат да играат без императив против Интер, но секако нема да заборават на предолгиот пост од цели 28 години без триумф против денешниот ривал.

Интер мора да победи ако сака да се приклучи во битката за Скудетото и да ги искористи поразите на Јувентус и на Лацио.

Предлог тип: Х2&3+ (2.20)

 

Мајорка – Леванте (Ла Лига, Шпанија, 19.30)

Леванте ја оствари целта и обезбеди опстанок во Ла Лига, па Енис Барди и соиграчите можат релаксирано да одиграат на гостински терен кај Александар Трајковски и неговите колеги од Мајорка.

Домаќините играат меч што може да им ги врати надежите за опстанок, а за тоа им треба победа. Реми или пораз од Леванте ќе значи речиси сигурен камбек на Мајорка во Сегунда.

Очекуваме да гледаме дуел меѓу Трајковски и Барди и ќе типуваме дека Мајорка е поблиску до победа од Леванте во ефикасен меч.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.15)

 

Еибар – Леганес (Ла Лига, Шпанија, 19.30)

Еибар е во многу подобра позиција од Леганес во битката за опстанок на четири кола до крајот на шпанското првенство. Имаат 7 бода предност во однос на денешниот ривал и шест повеќе од Мајорка, две екипи кои се најзагрозени со веќе испаднатиот Еспањол.

Екипата од Баскија има рецепт како да се справи со Леганес откако го победуваше денешниот ривал на четири од последните пет меѓусебни пресметки и еднаш ремизираше.

Очекуваме тврд фудбал со многу тактика и без многу ризик од двете страни и решение на мечот со гол(ови) во второто полувреме.

Предлог тип: 2>1 (2.10)

 

Во стандардната дневна понуда на Sport Life со специјални коефициенти можете да одиграте:

Борнмут – Тотенхем Т21+I&1+II (2.75)

Тондела – Порто 2-2&2+ (2.40)

Астон Вила – Манчестер јунајтед 1+I&2+II (2.65)

 

- Оглас -

Најнови вести