Незгодна мисија – Интер, Лидс и Атлетик ќе ги испратат ривалите во понизок ранг

Лидс – Барнсли (Чемпионшип, Англија 18 часот)

Лидс може со победа да дојде до прагот на пласман во Премиер лигата бидејќи на две кола до крајот ќе има огромна предност од пет бода во однос на ВБА и шест пред Брентфорд.

Езџан Алиоски и соиграчите нема да пропуштат ваква шанса, без разлика што и гостинот мора да ги освои бодовите во битката за опстанок.

Ваквите дуели во финишот на сезоната воопшто не се лесни, особено за фаворитите, а денеска Лидс е голем фаворит против последнопласираниот состав во Лигата.

Домаќините имаат квалитетен тим и одличен тренер во Марсело Бјелса, на последните три меча го победуваа Барнсли и типуваме дека ќе го сторат тоа и денеска.

Предлог тип: 1 (1.30)

 

Торино – Џенова (Серија А, Италија, 19.30 часот)

По поразот на Лече од Фиорентина, и Торино и Џенова можат малку да здивнат во неизвесната битка за опстанок во Серија А.

Особено ова важи за популарните Бикови, кои имаат пет бода предност пред Лече и четири повеќе од Џенова. Ним им одговара и реми, а на тешко гостување тоа би бил добар исход и за Горан Пандев и соиграчите.

Торино во тврд меч ја победи Џенова со 1:0 во првиот дел на шампионатот, а потоа на домашен терен на пенали го исфрли денешниот ривал од куп-натпреварувањето.

И денеска се очекува неизвесен и многу тежок меч за играње, а некако најреално е ново реми меѓу Торино и Џенова.

Предлог тип: Х (3.25)

 

Атлетик Билбао – Леганес (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)

Атлетик Билбао сака со победа да фати приклучок со екипите кои се на позициите што носат пласман во Лигата на Европа. На две кола до крајот, на Баксијците им фалат три бода, но надеж има. Тие можат да се пласираат во еврокуповите и со евентуална победа против Реал Сосиедад во финалето на Шпанскиот куп, но неизвесно е дали тој меч ќе се игра и кога.

Леганес мора да победи  и да чека кикс на Алавес или на Селта Виго, што е мошне тешка ситуација и од психолошки аспект.

Клубот од Мадрид не зависи од своите резултати на две кола до крајот на шампионатот и реално би бил голем подвиг ако успеат да се спасат.

Атлетик е поквалитетен тим и ќе одиграме единица.

Предлог тип: 1 (1.80)

 

Кристал Палас – Манчестер јунајтед (Премиер лига, Англија, 21.15 часот)

Манчестер јунајтед му готви реванш на Кристал палас за поразот од првиот дел на сезоната, кога гостите од Лондон славеа со 2:1.

Сега на Палас не му се неопходни бодовите, за разлика од гостите, кои мора да се вратат во Манчестер со три бода за да останат во трка за место во Лигата на шампионите.

Црвените ѓаволи доживеаја голем шок со примениот погодок во 96-тата минута за реми против Саутхемптон. Сега не се во позиција сами да одлучуваат за амбициите да играат во ЛШ, но имаат квалитет, реноме и солиден распоред за да најдат место во Топ-4 во Премиер лигата.

Кристал палас може да одигра релаксирано и е многу незгоден тим предводен од Вилфрид Заха и од уште неколку фудбалери од калибарот на Ван Анхолт, Ају, Миливоевиќ… кои можат да му се спротивстават на фаворитот.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.35)

 

СПАЛ – Интер (Серија А, Италија, 21.45 часот)

СПАЛ е веќе испаднат и ќе игра во Серија Б од идната сезона, иако има теоретски шанси за опстанок, но практично е тешко изводливо.

Интер е во слична ситуација кога се работи за Скудетото, се надева на подвиг, но реално Јувентус е многу блиску до шампионската круна.

Нераѕурите имаат мотиви да го победат отпишаниот СПАЛ за да се вратат на втората позиција и на пет кола до крајот на Серија А да го притиснат лидерот Јувентус.

Повеќекратниот италијански шампион против СПАЛ петпати играл натпревари во Серија А и има четири победи и едно реми. Очекуваме серијата да продолжи во ефикасен меч.

Предлог тип: 2&ГГ (2.80)

 

 

Во стандардната дневна понуда на Sport Life со специјални коефициенти можете да одиграте:

Реал Мадрид 1&ГГ (3.00)

Барселона – Осасуна Т1 1+I& T1 3+ (2.05)

Кристал Палас – Манчестер јунајтед 2&2-4 (2.10)

 

- Оглас -

Најнови вести