Гол-шоуто денеска е резервирано за Серија А

Ватфорд – Манчестер сити (Премиер лига, Англија, 19 часот)

Ако сè биде в ред и според квалитетот на екипите, Манчестер сити треба лесно да го победи Ватфорд, но ситуацијата е интересна.

Сега веќе ексшампионот на Англија нема посебни мотиви за игра бидејќи одамна е познато дека второто место им е загарантирано.

Можно е Пеп Гвардиола да одмара дел од стандардните играчи бидејќи Сити има голем предизвик на почетокот на август, кога го чека реванш-дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Инаку, само за потестување, на последните два меѓусебни дуели Сити го победуваше Ватфорд со 6:0 и со 8:0, што е јасна разлика во квалитет.

Кај Стршените е вистински хаос. Раководството на клубот на два меча пред крајот на шампионатот одлучи да го смени тренерот Најџел Пирсон. Потег што личи на самоубиство во услови кога тимот се бори за опстанок. На домаќините им недостасуваат и неколку клучни резултати, па двојката е реална.

Сепак, според нас, подобра опција е дека исходот на мечот ќе се решава во второто полувреме.

Предлог тип: 2>1 (1.90)

 

Аталанта – Болоња (Серија А, Италија 19.30 часот)

Најдобрата италијанска машинерија за голови има нова шанса да се приближи до 100 гола во Серија А. Аталанта доега постигна неверојатни 94 погодоци, а игра феноменална сезона.

Клубот од Бергамо има шанса да биде на второто место ако ја победи Болоња, што е реално според формата и квалитетот на екипите.

Хатебур и Иличиќ нема да играат, но Џампјеро Гасперини има доволно штоф за нов успех со Аталанта. Болоња као да ги загуби сите мотиви и нанижа четири меча без победа, а типуваме дека и на петтиот по ред ќе доживее неуспех.

Предлог тип: 1&3+ (1.54)

 

Грасхоперс – Шафхаузен (Челинџ лига, Швајцарија, 20.30 часот)

Популарните Скакулци од Цирих мора да победуваат за да држат дистанца на второто место пред големиот ривал Вадуз. Со меч помалку имаат еден бод повеќе од гостинот во швајцарската Втора лига, Вадуз, кој е од Лихтенштајн.

Шафхаузен е претпоследен на табелата, но е безбеден бидејќи од популарната Челинџ лига испаѓа само еден тим.

За домаќините игра нашиот репрезентативец Никола Ѓорѓев, и тоа одлично, по рестартот на сезоната. Со пет гола на 7 меча по камбекот на терените Ѓорѓев е прв стрелец на Грасхоперс, иако најчесто е резерва.

На домаќините им требаат бодови за да останат на втората позиција, што носи бараж-меч за влез во Првата лига и очекуваме дека ќе го победат тврдиот тим на Шафхаузен.

Предлог тип: 1&0-4 гола (1.71)

 

Астон вила – Арсенал (Англија, Премиер лига, 21.15 часот)

Арсенал има 7 победи по ред во меѓусебните дуели против Астон вила и е непоразен од 2013 година. И овде ситуацијата е слична како и на мечот меѓу Ватфорд и Манчестер сити.

Вила се бори за опстанок, а Арсенал игра ревијален меч што не му значи ништо освен престиж. Домаќините имаа долга серија од 11 меча без победа, но во последните две кола се непоразени и освоија четири бода.

Денеска мора да победат ако сакаат да ги задржат шансите за опстанок во Премиер лигата, иако сè не зависи од нив во последните две кола.

Арсенал го очекува веројатно и најважниот меч во сезоната, за десеттина дена на „Вембли“ во финалето на ФА купот против Челзи, а победа им носи настап во Лигата на Европа.

Очекуваме меч без калкулации и голови на двете страни.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.10) Супер тип на Sport Life

 

Сасуоло – Милан (Серија А, Италија, 21.45 часот)

Двете екипи се во топ-форма и се меѓу најефикасните по рестартот на првенството во Италија. Милан постигна 25 гола, колку што има и градскиот ривал Интер и тие се двата најефикасни калчолигаши по камбекот на терените.

Саусоло е на четвртото место со 22 гола, зад Аталанта со 24, па не треба многу филозофија за да се најави супер-ефикасен дуел денеска на „Чита дел Триколоре“ во Реџо Емилија.

Лани одиграа два меча и имаше само еден гол за 180 минути, но сега приказната е поинаква. Сасуоло игра растоварено, без никакви императиви и во таква ситуација прикажува импресивни игри, па се очекуваат голови од Капуто, Берарди, Бога… и во мрежата на Донарума.

И Милан е разигран и ефикасен, а бодовите му се непоходни за да остане во трка за петтото или шесттото место во Серија А што води во Лигата на Европа.

Предлог тип: ГГ&4+ (2.22)

 

Во стандардната дневна понуда на Sport Life со специјални коефициенти можете да одиграте:

Ватфорд -Манчестер сити Т22+&ГГ (2.30)

Аталанта – Болоња 1&3-5 гола (2.20)

Астон Вила – Арсенал ГГ прво/второ

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести