Две години по ред се дел од Лигата на шампиони, а должат 32 милиони евра

Српскиот првак Црвена ѕвезда има долг од 32 милиони евра пресметано до крајот на 2019 година, откриваат српските медиуми по податоци превземени од Агенцијата за економски регистри.

Според официјалниот извештај, вкупната загуба на Црвена ѕвезда до крајот на минатата година изнесувала 45,7 милиони евра. Кога на оваа сума ќе се додаде добивката од 13,5 милиони евра, тогаш загубата се намалува на 32,2 милиони евра. Во однос на 2018 година, загубата на клубот е намалена за 2,2 милиони евра, што делува премалку, ако се знае дека Ѕвезда во последните две сезони беше дел од групната фаза во Лигата на шампиони.

Иако играше во најбогатото фудбалско натпреварување и заработи одлична сума пари од телевизиските прави, продадените влезници, бонусите кои ги дели УЕФА за настап во ЛШ, како и трансферите на неколку играчи, во Црвена ѕвезда остана големиот долг.

Ѕвезда денеска на свој терен во дуелот против Нови Пазар ја започнува одбраната на титулата во српското првенство. Освен овој меч, вечерва се играат уште шест меча од српското првенство и сите ги имате на понудата на Sport Life. 

 

- Оглас -

Најнови вести