Поранешни шампиони против предизвикувачи – Јувентус ќе го елиминира Лион, тешка е англиската мисија за Реал

Зенит – Локомотив Москва (Суперкуп, Русија, 18 часот)

Зенит и Локомотив доминираат во последните шест сезони според бројот на учества во Суперкупот. Актуелниот првак од Санкт Петербург ќе игра по четврти пат од 2015, а ќе атакува на третиот пехар во тој циклус, или вкупно петти во клупската историја.

Популарните Локоси ќе играат петти пат за пехарот во Суперкупот во последните шест изданија, а го освоија само еднаш и тоа лани, токму со триумф против Зенит.

За нив ова е вкупно осмо Суперкуп финале и ако победат ќе се израмната со Зенит со четири пехари во 8 настапи, што би бил билансот и на денешниот ривал.

Локомотив е и првиот освојувач на пехарот во ова натпреварување, а го освои во 2003 година со триумф против ЦСКА Москва.

Честопати ваквите мечеви завршуваат нерешено, така е и во рускиот Суперкуп, па ќе типуваме дека на „ЦСКА арена“ во Москва денеска ќе се игра долго, а можна опција е и победникот да биде решен по изведување на пенали.

Предлог тип: Х (3.10)

 

Вадуз – Тун (Бараж финале, Швајцарија, 18.15 часот)

Вадуз ја искористи лошата форма на Грасхоперс во финишот на сезоната во Втората лига и успеа да ги прескокне Скакулците на втората позиција за бараж двомеч против Тун што носи прволигашки статус.

Тун не успеа да се извлече во последното коло, иако од 3 гола негатива против Цирих израмни на 3:3, но немаше време, ниту сили за комплетен пресврт и спас од играње бараж.

Гостите се во серија од 7 меча без пораз и се фаворити против гостинот од Лихтенштајн што игра во швајцарските фудбалски лиги.

Предлог тип: Х2&ГГ (2.20)

 

Депортиво Ла Коруња – Фуенлабрада (Втора лига, Шпанија, 20 часот)

Последниот меч во Сегунда во Шпанија конечно треба да се одигра вечерва, по неколку одложувања. Депортиво Ла Коруња бара лигата да се прошири од 22 на 24 екипи, односно да нема испаѓање, а најави и судска постапка против Ла Лига.

За нив овој меч е безначаен, бидејќи и со победа ќе испаднат, бидејќи со ист број на бодови со Понферадина имаат полош меѓусебен биланс. Но, затоа влогот е огромен за гостите.

Фуенлабрада и со реми ќе се пробие на посакуваната шеста позиција и ќе игра плејоф за последниот билет што гарантира настап во најсилната шпанска лига идната сезона.

Фуенлабрада има подобар меѓусебен скор со Елче и со нерешено ќе го замени на шестата позиција. Интересно е што не можат да бидат петти и со победа вечерва, бидејќи ќе имаат ист број на бодови со Жирона, но со нив имаат полош меѓусебен биланс сезонава.

Мечот има ревијален карактер за Депортиво, а на гостите им одговара реми, па ќе типуваме на нерешен резултат.

Предлог тип: Х (4.05)

 

Јувентус – Лион (Лига на шампиони, 21 часот)

Јувентус има одличен биланс во меѓусебните дуели со Лион и во два наврати во европските купови беше подобар од Лавовите од Жерлан.

Во 2014 година во четвртфиналето на Европа Лигата, Старата дама го елиминира Лион со две победии вкупен резултат од 3:1, а и две години подоцна во фаза по групи во Лигата на шампионите беше поуспешен од францускиот тим со победа на гости од 1:0 и реми дома, 1:1.

Сега италијанскиот првак ќе има многу потешка задача, бидејќи има незгодна негатива од 0:1 по првиот меч. Предност на Јувентус е што е во полн ритам, бидејќи првенството им заврши пред една недела, за разлика од Лион.

Гостите одиграа само еден значаен и натпреварувачки меч од 8 март, односно во изминатите пет месеци и загубија од ПСЖ со 0:1 во финалето на францускиот куп.

Лион има добар резултат, но Јувентус е и подобра екипа и е во подобар натпреварувачки ритам, па типуваме дека ќе победи во реваншот.

Предлог тип: 1 (1.52)

 

Манчестер сити – Реал Мадрид (Лига на шампиони, 21 часот)

Шпанскиот првак и гигант мора да напаѓа на „Етихад“ за да се обиде да приреди подвиг и да го елиминра англискиот тим. Манчестер сити има огромна предност, но сега Реал е многу поопасен и во подобра форма отколку што беше во февруари, кога загуби со 1:2 од популарните Граѓани.

Реал го има рецептот за Манчестер сити и го елиминираше во полуфиналето во ЛШ пред четири години со вкупен резултат од 1:0, а потоа ја освои и титулата.

Претходно во фазата по групи во 2012 година Кралевите победија со 3:2 дома и ремизираа во Манчестер со 1:1. Сепак во третиот меѓусебен двомеч Реал за првпат има негатива и тоа со пораз на домашен терен.

Хендикеп за двете екипи е што ќе немаат два силни адути со исто име Серхио. Агуеро нема да игра за Манчестер сити, а кај Реал отсутен ќе биде капитенот Рамос.

Реваншот е тежомз а типување на конечен исход, па ќе се обидеме со голови.

Предлог тип: 3+ (1.52)

 

Во стандардната дневна понуда на Sport Life можете да одиграте:

Зенит – Локомотив 1Х&2+ (1.75)

Јувентус – Лион 1&2-4 гола (2.35)

Манчестер сити – Реал Мадрид Т1 3+ (2.90)

 

- Оглас -

Најнови вести