Македонската женска кадетска репрезентација се пласира во финалето на Светското училишно првенство во ракомет откако во полуфиналето ја совлада Турција со 29-22.
Нашите кадетки одиграа уште еден идличен натпревар, на кој потврдија дека имаат победнички менталитет.
Во првото полувреме Турција го диктираше темпото, но Македонија во чекор го следеше противникот. Пред крајот на полувремето, избраничките на Даниела Новеска успеаја да направат мини серија и по првите 25 минути резултатот беше израмнет, 12-12.
Неизвесноста продолжи во вториот дел, со тоа што Македонија поведе со плус два (19-21), а потоа нашите кадетки покажаа дека се желни за финале и со подобра игра во завршницата стигнаа до посакуваната победа и пласман во финалето.
Во финалето Македонија ќе игра против Хрватска, која ја победи Романија.

