Прогнозерите ви нудат одличен коефициент од 125 на седум меча

Спортската прогноза на Sport Life викендов ја започна третата сезона. Повторно започнаа предизвиците да се погоди Среќна 13-ка и можноста да добиете мобилен телефон Ајфон 11. Во стартното коло од новата сезона, повеќе од 1.000 прогнозери се вклучија во трката за освојување на престижниот мобилен телефон.

По одиграните четири меча во саботата, имаме деветмина прогнозери со максимален број на погодоци кои остануваат со можност за освојување на Ајфон 11. За денеска се закажани уште седум средби, а утре треба да се комплетира колото со последните два меча.

Според прогнозите на 1.044 играчи на оваа бесплатна игра, секоја недела традиционално ви нудиме интересен тикет. Прв од програмата неделни мечеви е дуелот од француското првенство меѓу Ним и Рен. Речиси сигурно е дека домаќините нема да победат затоа што само 7 отсто очекуваат „кец“, додека за двојка се 56 отсто од играчите на Спортска прогноза. „Двојка“ треба да биде и дуелот меѓу Валјадолид и Реал Сосиедад во Шпанија. Предност на гостите даваат безмалку 67 отсто, односно две третини од прогнозерите.

Ако сакате сигурен „кец“, тогаш тоа е мечот Монако – Нант. Над 91 отсто од прогнозерите веруваат во победа на тимот од Малото кнежество. И Тотенхем е голем фаворит против Евертон, затоа што 71 отсто чекаат победа на тимот предводен од Жозе Мурињо.

Во Турција има дерби меѓу Трабзон и Бешикташ, а гостите не треба многу да се надеваат на успех. За кец се 56 отсто, а во нула веруваат 35 отсто од играчите на играта. Затоа најдобро е овој меч да се игра со двознак 1Х. Во Примера се игра градско дерби меѓу Валенсија и Леванте, во кое голем фаворит е домаќинот. Над 72 отсто прогнозираат „кец“.

Денешната понуда се затвора со дербито во Франција меѓу ПСЖ и Олимпик Марсеј. Шампионот на Франција во првото коло киксираше и загуби од аутсајдерот Ленс, но сега се очекува корекција и триумф против големиот ривал.

Од понудените седум меча, во Sport Life ќе добиете вкупен коефициент од 125.08 што значи дека со само 20 вложени денари, можната добивка ќе ви биде 2.501 денари. Во претходните сезони имаше добитни тикети од прогнозерите, па секако дека вреди да се одигра оваа комбинација.

 

1707      Ним – Рен                              2       2.35

1304      Валјадолид – Р. Сосиедад  2       2.70

1710      Монако – Нант                      1       2.00

1004     Тотенхем – Евертон              1       1.95

1959     Трабзон – Бешикташ           1Х      1.38

1306      Валенсија – Леванте            1       2.22

2903      ПСЖ – Олимпик Марсеј       1       1.65

——————————————————————————

Вкупен коефициент            125,08

 

- Оглас -

Најнови вести