Васоски нема дилеми: Лесни победи на двете Борусии и експресна рехабилитација на Шалке 04

Мајнц – Штутгарт (Сабота, 15.30 часот)

Мајнц има брзи напаѓачи што ќе и создаваат многу проблеми на одбраната на Штутгарт. Гостите се уште се прилагодуваат на настап во силно првенство каква што е Бундеслигата и покажаа доста слабости во поразот од Фрајбург дома.

Некако барем на стартот офанзивниот дел на двете екипи делува многу подобро од одбраната, па очекувам да има голови и домаќинот да биде поефикасен.

Мајнц има и добра традиција во дуелите со Штутгарт, нанижа четири победи по ред, па ја очекувам и петтата со предност на домашниот тим и на полувремето и со доста голови на „Опел“ арената.

Предлог тип: 1&3+ (3.25)

 

Баер Леверкузен – Лајпциг (Сабота, 15.30 часот)

Дербито на второто коло во Бундеслигата ветува одличен меч со многу голови. Без многу размислување веднаш на прв поглед личи на ефикасен дуел на две екипи што практикуваат многу офанзивен фудбал, без многу калкулации.

Лајпциг и на стартниот меч на сезоната во Германија покажа дека може да игра квалитетно, иако го продаде Тимо Вернер, кој им беше најдобар стрелец. Поулсен е одлична замена во шпицот. Данецот знае да игра фудбал, ќе дава голови, а почна одлично со погодок против Мајнц.

Композицијата на Лајпциг ми се допаѓа, имаат суепр-квалитетен тим, а очекувам доста и од Баер, иако и тие останаа без главниот напаѓач Каи Хаверц.

И тимот од Леверкузен има квалитет за битка за горниот дом во Бундеслигата, па на дербито типувам ГГ&3+.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.77)

 

Борусија Менхенгладбах – Унион Берлин (Сабота, 15.30 часот)

Борусија претрпе пораз во Дортмунд во првото коло, но тоа и не е неочекуван исход, па сега имаат одлична шанса за поправен испит и прва победа во шампионатот.

Домаќините се поквалитетни од Унион Берлин, а ми се чини дека кај гостите мина еуфоријата од ланскиот деби настап во Бундеслигата. Против Аугсбург одиграа слабо, а против тим од калибарот на Борусија Менхенгладбах тешко можат да очекуваат да се извадат за поразот на домашен терен на стартот од новата сезона.

Гостувањето на „Борусија парк“ е едно од најтешките во Бундеслигата, па очекувам офанзива на домаќините од почеток и сигурен триумф за нив со најмалку 3 гола на мечот.

Предлог тип: 1-1&3+ (3.10)

 

Аугсбург – Борусија Дортмунд (Сабота, 15.30 часот)

Борусија прави чуда и постојано го подмладува тимот со нови таленти, а успева да игра на врвно ниво. Џовани Реина и Ерлинг Халанд на дербито со Борусија Менхенгладбах делуваа како да играат заедно долги години, а и двајцата немаат повеќе од 20 години.

Борусија игра полетно, одлично се вклопи и големиот талент Белингам, тука е и Санчо и уште дузина квалитетни играчи, кои се пресилни за Аугсбург.

Домаќините играат напаѓачки, стартуваа со победа во Берлин, но денеска немаат шанси против моќните „милионери“ од Дортмунд.

Очекувам нова спектакуларна претстава на исклучителните таленти на гостите против многу солиден ривал и победа за тимот од Дортмунд, со нивна предност и на полувремето.

Предлог тип: 2-2&2+ (2.30)

 

Шалке 04 – Вердер (Сабота, 18.30 часот)

По шокантниот пораз од 0:8 од Баерн Минхен, Шалке ќе мора да атакува и да се обиде да компензира со победа против Вердер.

За Германците тоа и не е особено тешко, кај нив брзо се забораваат неуспесите и единствено е важно да се одигра добро на следниот натпревар.

Шалке има солиден тим, иако тоа не го покажа против Баерн, па очекувам да се рехабилитираат за дебаклот во Минхен.

Вердер едвај се спаси од испаѓање и покажа многу малку на стартниот меч против Херта на домашен терен и очекувам нов пораз на тимот од Бремен. Според мене Вердер повторно ќе бие тешка битка за опстанок и во оваа сзона во Бундеслигата.

Предлог тип: 1 (2.60)

 

- Оглас -

Најнови вести