Васоски верува во Фрајбург и во лесни победи на Баерн, Лајпциг и Борусија Дортмунд

1802 Баерн – Ајнтрахт (Сабота, 15.30 часот)

Ајнтрахт ми е при срце, настапував за клубот 7 години и ги респектирам, но Баерн е несопирлив. Со невидена леснотија го декласираа Атлетико Мадрид, тим што игра цврсто, тврд фудбал, но и тие не можеа да и парираат на баварската машинерија.

Баерн има квалитет да состави два моќни состави и иако има густ распоред на натпревари нема воопшто пробеми да победува.

Ајнтрахт знае да изненади против Баерн. Се уште се памети и победата од 5:1 лани и претходната година кога му го земаа пехарот во купот на фаворитот од Минхен со триумф од 3:1.

Сепак Баерн во овој момент е пресилен за мојот поранешен тим и типувам дека ќе победи со предност на полувремето во ефикасен меч.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.85)

 

1610 Мајнц – Борусија Менхенгладбах (Сабота, 15.30 часот)

Мајнц е единствената екипа што нема освоено бод во Бундеслигата и очекувам така да остане и по петтото коло. Примаат многу голови, а и напаѓачите не се истакнаа, па ефектот е очекуван со четири порази по ред.

Борусија одигра одличен меч во Милано и пропушти голема шанса да го победи Интер. Можеби заморот ќе им биде проблем, но им треба победа за да фатат приклучок со екипите од горниот дел на табелата.

На 8 меча по ред немаат пораз од Мајнц, победија и на последните две гостувања на „Опел арена“, па очекувам гостинска победа, но посигурен тип според мене е дека Борусија ќе и даде најмалку два гола на слабата одбрана на Мајнц.

Предлог тип: Т2 2+ (1.70) Супер тип на Sport Life

 

1804 Лајпциг – Херта (Сабота, 15.30 часот)

Лајпциг е во топ-форма од почетокот на сезоната и реди победи, а очекувам да го продолжи трендот и против Херта. Биковите имаат одличен тим и иако во клубот нема притисок, амбициите се да се атакува на титулата.

Одиграа одличен меч и против Басакшехир во Лигата на шампионите и речиси и рутински го победија турскиот првак.

Играта на Херта им лежи, а потврда е фактот дека на последните пет меѓусебни меча им дадоа дури 20 гола. Херта и сезонава прима многу голови, што ќе умее да го искористи лидерот во Бундеслигата и ќе победи.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.85)

 

1805 Унион Берлин – Фрајбург (Сабота 15.30 часот)

Унион Берлин ја почна многу солидно и втората сезона во Бундеслигата, но овојпат предност ќе им дадам на гостите. Фрајбург има поголемо искуство со настапите во најсилното германско првенство, постојано се тука некаде во битката за позиции што водат во Европа и може да победи во Берлин.

Лани им фалеше само еден бод за настап во Европа Лигата, а можеби и клучен беше поразот на гости токму против Унион Берлин.

Сега имаат шанса за реванш и за победа со која ќе ја прекинат низата од четири меча без триумф.

Предлог тип: 2 (3.15)

 

1806 Борусија Дортмунд – Шалке 04 (Сабота, 18.30 часот)

Во дербито на Рур секогаш одлучува моментната инспирација и поголемата желба за победа, но се чини дека сега разликата меѓу Борусија и Шалке 04 е преголема.

Милионерите ќе се обидат да го поправат лошиот впечаток од дуелот со Лацио во Лигата на шампионите. Имаат и многу проблеми со повреди и со отсутни играчи, па неиграњето на Џан, Азар, Шмелцер…. секако е хендикеп, но Шалке 04 е во вистински хаос и игра очајно на стартот од сезоната.

Ниту смената на тренерот Вагнер не им помогна да се стабилизираат и тешко е во таква ситуација да се очекува подвиг против силниот тим на Борусија Дортмунд.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.15)

 

 

- Оглас -

Најнови вести