Светците блескаат со серија од 8 победи, во Кнежевството ќе падне и Монако

3301 Лехија – Сласк (Екстракласа, Полска, 18 часот)

Сласк двапати беше првак на Полска, а ривалот од Гдањск сè уште ја чека првата шампионска круна. И двете екипи се кандидати за местата што водат во еврокуповите, а зошто да не и за титулата, па ова е дерби на 10-тото коло во полската Екстракласа.

И двете екипи беа во добар ритам пред паузата поради мечевите на репрезентациите во Лигата на нациите, па ќе се обидат да продолжат со успеси.

И Лехија и Сласк даваат и примаат доста голови во новата сезона, домаќините немаат пораз од Сласк на последните пет меча, а четири од нив завршија со голови во двете мрежи.

Очекуваме офанзивен фудбал на две добри екипи и повторно да има најмалку по еден погодок на двете страни.

Предлог тип: ГГ (1.61)

 

1609 Монако – Пари Сен Жермен (Лига 1, Франција,21 часот)

Монако ќе биде хендикепиран во дербито на 11-тото коло и ќе игра без двајца важни играчи. Опасниот стрелецот Висам бен Једер и Александр Головин нема да играат за клубот од Кнежевството, што ги намалува шансите за успех на Монако.

Пари Сен Жермен има уште поголеми проблеми, на листата отсутни остануваат Нејмар, Икарди, Бернат, Дракслер и Верати, а можно е на „Луј Втори“ да не играат и Керер и Кен.

Светците имаат импресивна серија од 8 победи по ред во Лига 1 откако неочекувано стартуваа со два порази и ќе се обидат да ја продолжат низата од успеси.

И Монако игра солидно, се наоѓа на делба на петтото место со Лион, но денеска ќе загуби од ПСЖ. Гостите имаат поголем избор на квалитетни играчи, иако се хендикепирани и типуваме двојка најмалку со три гола на дербито.

Предлог тип: 2&3+ (2.10) Супер тип на Sport Life

 

1301 Осасуна – Уеска (Ла Лига, Шпанија, 21 часот)

Уеска е единствената екипа во Шпанија што сè уште нема победа, па во таква ситуација не е изненадување последното место на табелата.

Гостите се мајстори за нерешени резултати, одиграа без победник на шест од девет меча, а најголем проблем им е слабата одбрана. Примија 15 гола и заедно со Селта се со втора најслаба дефанзива, зад Бетис со 17 примени погодоци.

Осасуна забележа два порази по ред и не е далеку од опасната зона за испаѓање. Ова е многу значаен меч за двете екипи, а победа носи многу подобро расположение во продолжението на Ла Лига.

Последните три меѓусебни дуели на Осасуна и Уеска беа тврди, со малку голови, па очекуваме тој тренд да продолжи и денеска на „Ел Садар“ во Памплона.

Предлог тип: 1Х&0-3 гола (1.71)

 

3011 Фрозиноне – Козенца (Серија Б, Италија, 21 часот)

Лани Фрозиноне не успеа да го направи последниот чекор и преку баражот да се врати во Серија А, па сезонава ќе се обиде директно да се пласира во највисок ранг на натпревари.

Има солиден тим што го предводат искусни играчи со прволигашко искуство од калибарот на Капуано, Сијани, Диониси…

Засега добро им оди, а одбраната е главен адут на патот кон камбекот во Серија А. Фрозиноне прими само 4 гола на 7 меча и е меѓу најцврстите екипи во второлигашката конкуренција.

Козенца е една од трите екипи во Серија Б што сè уште нема победа. Тргнаа со пет ремија по ред, а потоа во последните две кола претрпеа порази.

И двете екипи играат цврсто со малку голови и меѓусебните дуели им се сиромашни со погодоци, па ќе типуваме победа на фаворитот Фрозиноне со гол(ови) во второто полувреме.

Предлог тип: Х-1 (4.55)

 

1312 Еспањол – Жирона (Сегунда, Шпанија, 21 часот)

Еспањол сака експрес камбек во Ла Лига и како игра на добар пат е да се врати во шпанската елита. Тимот од Барселона е на првото место со 27 бода по 12 кола и сигурно чекори кон целта.

Предводени од Раул де Томас, играч кој дојде од Бенфика, избраниците на Виктор Морено играат многу сигурно во Сегунда и се топ-фаворити за првото место.

Досега Еспањол даде најмногу голови, 17, во Втората шпанска лига, а одбраната им е одлична само со три примени погодоци. Или во просек мрежата им се тресе на секој четврти меч.

Жирона лани доживеа вистински шок, кога во финалето на плејофот во Сегунда примија гол од Елче во последните моменти на свој терен и го загубија двомечот за пласман во Ла Лига со вкупен резултат од 0:1.

И тимот од предградието на Барселона има амбиции за камбек во Ла Лига, но има катастрофална серија од четири меча без победа и заостанува во трката за првите две места.

Жирона има добар тим, но Еспањол е во налет и ќе победи во локалното дерби во Сегунда дивизија.

Предлог тип: 1 (1.55)

 

Квоти на денот во Sport Life се:

Рен – Бордо 1X&2-4 (2.05)

Монако – ПСЖ T2 1+I&T2 3+ (2.60)

Осасуна – Уеска 1Х&0-2 (2.20)

 

 

- Оглас -

Најнови вести